Овие работи може да ја уништат вашата машина за перење
Ако не сакате вашата машина за перење да се расипе брзо, треба да бидете внимателни што ставате во неа. Ако сакате да заштедите време и пари, никогаш не ставајте ги овие работи во машината за перење.
1. Монети
Ако монетите завршат во машината за перење, може да направат голема штета. Ако поминат низ филтерот за време на перењето, тие може да завршат во пумпата за одвод и да ги уништат крилцата во одводот. Исто така, тие може да се заглават во цевката за одвод и да го блокираат испуштањето вода од машината за перење, а во ретки случаи може да го оштетат стаклото од вратата.
2. Клучеви
Клучевите никогаш не треба да завршат во машината за перење, па затоа добро проверете ги сите џебови пред да ги ставите фармерките во машината. Клучевите може да ја изгребат внатрешноста на машината и да го оштетат стаклениот дел од вратата.
3. Градник со жици
Освен што жицата од градникот може да ја оштети другата облека, може да ја уништи и гумата на машината за перење.
4. Влакна од домашни миленици
Влакната од вашето домашно милениче може да ја оштетат машината за перење бидејќи може да се залепат на барабанот или да го заглават одводот.
5. Патики
Никогаш не перете ги патиките во машината за перење. Не само заради машината, туку и заради самите нив. Дури и кога ги перете на 40 степени, тие се намалуваат.
6. Водоотпорна облека
Перењето водоотпорна облека воопшто не е добро, бидејќи водоотпорниот материјал може да задржи вода во себе. Ако таа вода одеднаш се исцеди, се создава неурамнотежена состојба во барабанот што може да резултира со дефект на машината за перење.
Погледнете го овој одличен трик како да го исчистите филтерот од машината за перење.