Овие намирници го зголемуваат ризикот за појава на рак, а се дел од нашата секојдневна исхрана!
Газираните пијалаци, слатките и грицките се само дел од нездравите намирници кои можат да влијаат на развојот на ракот, а се дел од нашата секојдневна исхрана:
Пиво и вино
Напитоците кои секако се прв избор по напорниот ден можат да бидат непријател на здравјето. Пиењето три до четири пива, вино и други алкохолни пијалаци е поврзано со зголемен ризик од повторување на ракот на дојката кај жени на кои им е дијагностициран рак во рана фаза. Според едно истражување од 2012 година, 5,5% од сите видови на рак му се припишуваат на алкохолот.
Мармалад
Мармаладите кои содржат вештачки засладувачи богати со натриум кој се користи во производството се штетни за здравјето. Вештачките засладувачи се многу пати послатки од сахарозата. Високиот внес на натриум го зголемува ризикот од рак на желудникот, па затоа е препорачливо да избегнувате храна богата со натриум и конзерванси.
Јајца
Покрај сите видови живина, ризична храна се и јајцата кога станува збор за појава на рак. Мажите кои консумираат три или повеќе јајца неделно имаат 81% поголеми шанси да развијат рак на простата.
Кафе
Омилениот пијалак на многумина може да влијае и на развојот на ракот. Многу истражувања го докажале заштитниот ефект на кафето кога станува збор за рак на дебелото црево, усната шуплина, црниот дроб, градите, кожата, ендометриумот, простатата и јајниците. Меѓутоа, од друга страна, постојат докази за штетното дејство на кафето кога станува збор за ракот на мочниот меур, панкреасот и желудникот. Затоа, најважно е да бидете умерени при консумирањето.
Кечап
Нашиот омилен додаток на многу јадења е богат со натриум. Имено, кечапот може да содржи и до 150 милиграми натриум. Иако можеби не изгледа алармантно, консумирањето кечап може лесно да ја надмине препорачаната граница на внес на натриум во текот на денот. Затоа, следниот пат пробајте нов сос со помфритот.
Откако прочитавте кои намирници можат да го зголемат ризикот од појава на рак, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност.
Извор: citymagazine.danas.rs