Оваа диета е апсолутен хит: Може да изгубите до 15 килограми за две седмици
ВМА диетата стана многу популарна, а првично била создадена како диета за пациенти на кои им било потребно да ослабат непосредно пред операција, од страна на експерти од Воено-медицинската академија. На нивните лекари им било важно пациентите да се чувствуваат добро по оваа диета, да бидат витални и подготвени за операцијата, така што се наведува дека за време на оваа диета нема да чувствувате слабост и исцрпеност.
Нервозата и раздразливоста ќе се сведат на минимум, а може да изгубите 7-15 килограми за 15 дена. Овие резултати нема да бидат исти за секого, сето тоа зависи од вашата тежина, но и од многу други фактори. Она што е сигурно е дека ќе направите целосна детоксикација на организмот и ќе ја забрзате работата на метаболизмот.
Правила на ВМА диетата
ВМА диетата е диета од цикличен тип. Тоа значи дека оваа диета се состои од три круга во траење од по пет дена. По тие три круга, задолжителна е пауза од две недели.
Секој ден имате по три оброци – појадок, ручек и вечера. Паузата помеѓу оброците треба да биде 4-5 часа.
Диетата на Воено-медицинска академија забранува внесување шеќер, алкохол, но и вештачки засладувачи, додека солта се консумира во минимални количини.
Неопходно е да се пијат 2 литри вода. Може да пиете и лимонада и зелен чај. ВМА диетата обезбедува доволна количина на минерали и витамини, па затоа не е потребен дополнителен внес на додатоци.
Мени:
Појадокот е ист сите 5 дена:
1 портокал
1 парче тост (или 4 крекери)
кафе или чај (без засладувач)
1. Прв ден
Ручек:
1 варено јајце
2 лажици павлака (кисело млеко или јогурт)
1 тост
1 портокал
Вечера:
1 до 2 парчиња двопек
2 варени јајца
1 домат
1 краставица
2. Втор ден
Ручек:
1 варено јајце
2 лажици павлака
2 парчиња двопек
1 портокал
Вечера:
1 тост
125 грама мелено говедско месо
1 домат
1 портокал
3. Трет ден
Ручек:
1 варено јајце
2 лажици кисела павлака (или кисело млеко)
1 свежа краставица
1 портокал
Вечера:
1 тост
125 грама мелено говедско месо
кафе или чај без шеќер
1 портокал
4. Четврти ден
Ручек:
1 парче тост
125 грама младо кравјо сирење
1 домат
Вечера:
2 парчиња двопек (или 8 крекери)
125 грама мелено говедско месо
2 свежи домати
5. Петти ден
Ручек:
200 грама варено говедско месо
1 парче тост
1 свеж домат
Вечера:
1 тврдо варено јајце
500 грама варен зеленчук
Напомена: Говедското месо може да го подготвите како плескавица во тефлонска тава со малку масло или да го варите со додавање прстофат сол.
Откријте зошто диетата со цимет е моментално најпопуларна во светот.