Ова се најдобрите чаеви за лекување воспалено грло

Ова се најдобрите чаеви за лекување воспалено грло

Есента пристигна, а со тоа се отвори и сезоната на настинки. Болката во грлото е еден од најнепријатните симптоми и може да трае со денови. Полесните болки во грлото се лекуваат полесно отколку што мислите и не мора да вклучуваат лекови. Чајот има многубројни придобивки во лекувањето воспалено грло.

Ова се најдобрите чаеви за лекување воспалено грло

„За настинки и болки во грлото, чаша топол чај од секаков вид веројатно ќе ја ублажи болката веднаш“, изјави Дајан Мекај од Универзитетот „Тафтс“.

Поточно, д-р Роберт Глатер тврди дека истражувањата покажуваат дека зелениот чај има антиинфламаторно дејство, што може да помогне во намалување на отокот на ткивата во грлото.

„Истото важи и за чајот од нане, кој содржи ментол, соединение познато по своите смирувачки ефекти“, објасни Глатер.

Ако не сте љубител на зелен чај или на чај од нане, пробајте со чај од лимон.

„Тој е одлична помош за воспаление на грлото и за настинка бидејќи е полн со витамин Ц, кој помага во зајакнување на имунолошкиот систем. Ако сакате да го ублажите горчливиот вкус, можете да додадете малку мед“, вели д-р Јерал Пател.

Исто така, чајот од куркума прави чуда кога станува збор за воспаление на грлото.

„Куркумата има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства кои помагаат во смирување на болката и во зајакнување на имунитетот“, додава Пател.

Прочитајте зошто не смеете да го игнорирате воспалението на синусите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар