Ова се најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Б12!

Ова се најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Б12!

Сигурно досега сте слушнале многупати дека на вашето тело му треба доволна количина на витамин Б12 за да функционира правилно. Овој витамин игра суштинска улога во формирањето на црвените крвни зрнца и во исто време го одржува вашето тело здраво. Постојат неколку показатели за недостаток на овој витамин, а ова се некои од нив.

Ова се најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Б12!

1. Вртоглавица при станување

Ако се борите да останете будни, можеби ви недостасува витамин Б12. Осигурајте се дека добивате доволно часови квалитетен сон во текот на ноќта, а ако сè уште се чувствувате уморни, можеби ќе сакате да размислите за зголемување на внесот на витамин Б12. Недостатокот на овој витамин доведува до чувство на замор и вртоглавица.

2. Слабост во мускулите

За силните мускули потребно е доволно количество црвени крвни зрнца, а како што веќе рековме – недостатокот на витамин Б12 влијае на нивното формирање, додека другите клетки не добиваат доволно кислород, што, исто така, влијае на слабоста на вашите мускули.

3. Лоша меморија

И на вашиот мозок му треба кислород. Недоволната количина на кислород резултира со проблеми со меморијата. Не треба да ги мешате симптомите на недостаток на витамин Б12 со Алцхајмерова болест – едноставно не внесувате доволно од овој витамин, тоа е сè.

4. Губење на чувството за вкус

Недостатокот на овој витамин доведува до мало губење на чувството за вкус, па дури и до болка во задниот дел на јазикот.

5. Проблеми со видот

Недостатокот на витамин Б12 доведува до оштетување на оптичкиот нерв во очите, што доведува до заматен вид или дури и губење на видот. Сепак, консултирајте се со стручно лице за да одредите точно во што е проблемот и не обидувајте се самите себеси да си поставите дијагноза.

Откако прочитавте кои симптоми укажуваат на недостаток на витамин Б12, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно секојдневно да консумираме витамин Б12.

Извор: atma.hr

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар