Отворено писмо за љубовта на една мајка до својата идна ќерка

Отворено писмо за љубовта на една мајка до својата идна ќерка

Сите ние минуваме низ многу нешта во текот на нашиот живот. Дознаваме многу за светот околу нас и учиме како ние самите реагираме во дадени. Токму овие лекции се тие што не дефинираат како личности. Една девојка, по својата бурна 22-ра година, решила да напише писмо до својата идна ќерка со цел да ѝ помогне полесно да се справува со „неуспехот“ во љубовта. Но, сите можат да го прочитаат и да извлечат по некоја поука од него…

До мојата (идна) ќерка,

На работ од 22-тата година, во која имав еден вид врски со петмина мажи, почнав да учам вистини што сè уште не ги разбирам.

Тоа што досега го знам е дека момците и мажите ќе ти кажуваат нешта. Тие ќе очекуваат нешта, ќе бараат нешта, ќе делуваат без да прашаат… и некој постојано ќе ти кажува дека самата себе се ставаш во таа ранлива позиција и дека не ни можеш нешто друго да очекуваш.

Но, јас не сакам никогаш да се чувствуваш виновна затоа што си верувала некому. Да веруваш, тоа е прекрасно нешто. Немој да ја губиш вербата во довербата, особено во довербата во луѓето, затоа што ти ветувам дека светот во суштина е добар, но како и со сè останато, постојат елементи што не се толку посакувани.

Не се плаши од луѓето. Никогаш немој да ја губиш својата способност да веруваш и да љубиш затоа што тоа се најубавите нешта што еден човек може да ги прави. Запомни и дека не можеш ни да ја спознаеш љубовта во целост пред да разбереш дека таа доаѓа заедно со почит, достоинство и доверба во себе.

Ниту една врска не може да те дефинира, но начинот на кој се поврзуваш со луѓето во тие врски кажува многу за тебе. Оваа година, сфатив дека не треба да се судам според успехот на врските, туку според начинот на кој љубам. Дека треба да се ценам себеси за оваа љубов, за начинот на кој ја покажувам љубовта. Учам и како да ја ценам љубовта што ја давам на другите за да можам да имам доверба во оние што ја ценат оваа љубов исто колку и јас.

Врските нема секогаш да успеваат и не секогаш ќе може да се најде кој бил виновен за крајот. Понекогаш, едноставно сфаќате дека патиштата по кои одите веќе не се движат паралелно. Друг пат, твојот партнер ќе те истроши и ќе земе сè што може од тебе, па после само ќе те скрши и ќе си замине.

Нашите врски се дел од постојан процес за евалвирање на начинот на кој се поврзуваме со светот околу нас. Можеби звучи како премногу оптимистичко, но јас морам да верувам во ова – не затоа што е единствениот начин да не се чувствувам ужасно за себе и за своите врски, туку затоа што е единственото нешто што има смисла.

Никогаш не се плаши да веруваш. Но, исто така и не се плаши да учиш.

Прочитајте го и ова неверојатно моќно писмо на една мајка до својата ќерка тинејџерка!

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар