Отстранете ги поткожните влакна во 3 чекори
Подраснувањето на влакната е секојдневен проблем со кој се борат повеќето жени. Заради нив може да се појават тврди, црвени и болни мозолчиња, но овој проблем можете да го решите само со придржување до овие 3 чекори.
1. Пилинг
Пилингот ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата кои го засилуваат воспалувањето. Со лесен гел со зрнца истријте го делот и измијте се.
2. Топла компресија
Со чисто крпче или ракавица за туширање потопена во топла вода нежно притиснете го воспаленото место од двете страни и држете така околу две минути. Постапката повторувајте ја двапати на ден додека не се појави дел од влакненцето на површината на кожата.
3. Пинцета
Кога ќе се појави влакното на површината на кожата, искубете го со стерилна пинцета. Ако влакното не се појавува, повторете ја постапката со топла крпа, но никако не копајте на воспаленото место.