Откријте кои се 9-те изненадувачки здравствени придобивки од модрите патлиџани

Откријте кои се 9-те изненадувачки здравствени придобивки од модрите патлиџани

Модрите патлиџани се вбројуваат во здравите намирници кои имаат ниска калориска вредност, обилуваат со хранливи влакна и антиоксиданси, а добри се за здравјето на целиот организам.

1-otkrijte-koi-se-9-te-iznenaduvachki-zdravstveni-pridobivki-od-modrite-patlidzhani-www.kafepauza.mk_

1. Помагаат во губењето на килограмите

Модриот патлиџан содржи високо ниво на вода и спаѓа во нискокалоричните намирници. Овие квалитети го прават идеален избор за личностите кои внимаваат на својата исхрана и кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина. Неговата сунѓереста структура овозможува да го подготвите на разни начини.

2. Одличен е за здравјето на срцето

Модриот патлиџан е изразито поволен за здравјето на срцето. Со негово консумирање можеме да го намалиме нивото на лошиот холестерол во крвта, да го подобриме здравјето на ѕидовите на артериите и да ги опуштиме напнатите крвни жили.

3. Помага при одржување на здравјето на мозокот

Високото ниво фитонутриени во модриот патлиџан, помага за здравјето на мозокот штитејќи го од слободните радикали и останатите штетни влијанија. Модриот патлиџан содржи и Б комплекс што ја ублажува телесната и менталната тешкотија. Затоа е подобро да го консумирате модриот патлиџан во поприроден облик, со минимална термичка обработка.

4. Содржи малку калории

Доколку внимавате на внесувањето калории, тогаш можете безгрижно да јадете модар патлиџан. 200 грама модар патлиџан содржи само 35 калории што е исклучително малку со оглед на неговата хранлива вредност.

5. Тој е богат извор на калиум

Калиумот е неопходен за одржување здрав крвен притисок и помага во превенција на болестите на непцето. Тој е клучна компонента во борбата против воспаленијата на непцето и артериите.

6. Има голем ниво на ГАБА аминокиселина

ГАБА (гама-аминобутерна киселина) е аминокиселина која ја намалува анксиозноста, го подобрува сонот и ги забавува мислите.

3-otkrijte-koi-se-9-te-iznenaduvachki-zdravstveni-pridobivki-od-modrite-patlidzhani-www.kafepauza.mk_

7. Го спречува создавањето на рак

Некои истражувања покажуваат дека сокот од модар патлиџан може да го намали ризикот од создавање рак. Всушност, модриот патлиџан содржи трипсин за кој се верува дека помага во неутрализација на клетките кои предизвикуваат рак.

8. Им помага на заболените од дијабетес тип 2

Модриот патлиџан содржи голема количина хранливи влакна кои го намалуваат количеството на гликоза во крвта, што го прави погоден за здравјето на дијабетичарите.

9. Помага кај опстипација

Овој зеленчук е одличен против опстипација заради големата количина хранливи влакна. Влакната од зеленчукот ги чистат цревата од токсините и го поттикнуваат редовното варење.

За да ги внесете модрите патлиџани во вашата исхрана, ви предлагаме да го подготвите овој вкусен рецепт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар