Откријте ја точката на телото која може да ја „избрише“ вашата главоболка и сите симптоми на стрес

Откријте ја точката на телото која може да ја „избрише“ вашата главоболка и сите симптоми на стрес

Симптомите на стрес се многубројни и непријатни. Главоболката, дигестивните проблеми, несоницата и нервозата се само дел од симптомите кои можете да ги решите за само неколку минути, доколку знаете точно каде да притиснете.

Овој кинески метод на лечење е познат како акупресура и со негова помош можеме да ги откриеме сите точки со чија стимулација телото може да почне да се опушта и да се ослободува од стресот. Една од овие точки се нарекува шен мен, што во слободен превод значи „рајска врата“. Притискањето на оваа точка го намалува стресот, ја зголемува енергијата и го зајакнува имунитетот, а со тоа и ја намалува болката. Точката се наоѓа во внатрешниот дел на горниот дел од увото и со нејзино нежно триење таа може да се активира.

Откријте ја точката на телото која може да ја „избрише“ вашата главоболка и сите симптоми на стрес

Упатства за примена на оваа масажа:
  • Со помош на чепкалка за уши притиснете на точката и нежно масирајте ја.
  • Дишете полека и длабоко и слушајте го внимателно секое вдишување и издишување.
  • Додека вдишувате гледајте кон лево, а додека издишувате кон десно, без притоа да ја поместите главата.
  • Ќе почнете да забележувате како постепено вашето тело се опушта, а симптомите на стрес се намалуваат…
Дополнителни совети:
  • Точката на увото можете да ја масирате и со врвот на вашите прсти.
  • Масирајте ја точката секој пат кога ќе почувствувате дека сте под голем стрес.
  • Оваа постапка можете да ја повторувате секоја вечер, пред спиење.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар