Освежителен десерт за топлите летни денови

Освежителен десерт за топлите летни денови

Вкусно летно освежување на кое нема да му можете да му одолеете

osvezhitelen-desert-za-toplite-letni-denovi

Потребни состојки:
За кората:
  • 4 големи банани
  • 60 милилитри масло
  • 100 грама шеќер
  • 1/2 кесичка ванилин шеќер
  • 200 грама брашно
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 прстофат сол
  • 1 лажица цимет
За филот:
  • 900 грама несолено крем сирење
  • 100 грама шеќер
  • 1/2 кесичка ванилин шеќер
  • 250 милилитри млеко
  • 1 лажица желатин
  • За декорација:
  • Банана
  • Цимет
Начин на подготовка:

Изгмечете ги бананите со виљушка, па додајте ги маслото и јајцата и матете сè додека не се соединат. Додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер и продолжете со матењето додека не се стопат. Просејте го брашното над добиената смеса и постепено додавајте го заедно со прашокот за печиво и сода бикарбоната. На крајот, додајте ги и солта и циметот. Смесата сипете ја во калап чии странични ѕидови се отстрануваат. Печете во загреана рерна на 160 степени околу 30-40 минути.

Ставете го во сад за матење несоленото крем сирење и потоа додајте шеќер и ванилин шеќер. Со миксер полека изматете ја смесата. Ставете го желатинот во малку млеко и оставете го 5-10 минути потопен. Кога ќе се зголеми, додајте го и преостанатото млеко. Измешајте, па постепено додајте ја оваа смеса во онаа со крем сирењето и матете со миксер додека не ги соедините.

Филот прелијте го над испечената и оладена кора, па оставете го десертот во фрижидер најмалку 3 часа за да се разлади. Потоа тргнете ги ѕидовите од калапот, декорирајте со цимет и парчиња банана (по желба и со чоколаден прелив) и послужете. Добар апетит!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар