Освежете го организмот со овошна вода

Освежете го организмот со овошна вода

Препорачливата доза од 8 чаши вода на ден за здрав организам, понекогаш може да биде напорна. Па, затоа обидете се со ароматизирана вода.

1-Osvezhete-go -organizmot-so-ovoshna-voda-kafepauza.mk

Водата со природен вкус на овошје е совршено и здраво освежување. Направете ја во поголема количина и чувајте ја во фрижидер за цело време да биде ладна.

Еве неколку идеи како едноставно и по природен пат да направите домашна ароматизирана вода.

Сè што ви е потребно е:
  • Какво било овошје (освен банана), но внимавајте да не е оштетено
  • Рузмарин, нане, жалфија или која било друга билка, но внимавајте да одговара на вкусот на овошјето
  • Тегла или бокал
  • Дрвена лажица
  • Вода
Начин на подготовка:
  1. Исечете го овошјето на коцки, комбинирајте цитрусни или бобинкасти овошја.
  2. Прво ставете ги билките во теглата, притиснете ги со лажицата, а потоа додадете го и овошјето така што ќе зафаќа помалку од една третина.
  3. Нежно притиснете го овошјето со лажицата за да пушти арома, но внимавајте да не претерате, овошјето не треба да се раздроби.
  4. Потоа наполнете ја теглата или бокалот со мраз и додадете вода до врвот.
  5. Вака подготвената вода можете да ја пиете веднаш, но најдобро би било да отстои во фрижидер барем 24 часа.

Еве неколку идеи за комбинирање на овошје и билки за да добиете убава ароматизирана вода.

2-Osvezhete-go -organizmot-so-ovoshna-voda-kafepauza.mk

Портокал и лимета

Малина и лимета

Малини и лимета

Ананас и нане

Капини и жалфија

Капини и жалфија

Лубеница и рузмарин

Лубеница и рузмарин


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар