Остварување на соништата: Штикли кои лесно се трансформираат во рамни чевли
Болката во стапалата предизвикана од носењето штикли веќе може да биде минато, со помош на овие чевли дизајнирани од германската компанија „Mime et moi“.
Тие може да ѝ овозможат на секоја жена да стигне до канцеларијата носејќи рамни чевли, кога ќе биде таму да ги претвори во штикли, додека пак вечерта повторно да ги промени. Имено, оваа компанија создала серија чевли со различни големини на потпетици, што значи дека никогаш повеќе со вас нема да треба да носите резервен пар.
Тие може да се пронајдат во повеќе бои, а менувањето на потпетицата е многу лесно. Сѐ што треба е да го повлечете чкрапалото, да ја извадите монтираната потпетица и да ја ставите посакуваната големина, при што потоа треба само да згазнете на задниот дел од стапалото, па ќе бидете спремни за претстојната прилика.
Додека рамните чевли се со висина од три сантиметри, што се однесува до другите видови штикли, корисниците може да изберат помеѓу три, седум или десет сантиметри.
Оваа уникатна комбинација ќе ви биде совршен придружник во кој било дел од денот или во која било прилика.
Погледнете го видеото и видете како изгледаат чевлите од соништата на многу жени!