Останете сингл додека не запознаете ваква девојка!

Останете сингл додека не запознаете ваква девојка!

Останете сингл додека не запознаете девојка чија љубов ќе ве лечи, ќе ве менува и ќе ве направи подобра личност. Девојката која ве гледа со самодоверба каква што не сте виделе досега. Девојката која гордо би ја претставиле на вашите родители.

Останете сингл додека не ја запознаете девојката која ќе ве натера да реагирате брзо бидејќи не можете ни да замислите да ја гледате со некој друг. Девојката што нема да сакате да ја видите повредена или разочарана.

Останете сингл додека не ја запознаете девојката што верува во вас и во вашите соништа и која ќе ви биде поддршка за сè. Онаа што ве тера да сакате да бидете подобри и што ве турка да правите повеќе. Девојката што е полна со енергија и ве мотивира да постигнувате, да ризикувате…

Останете сингл додека не ја запознаете девојката чие лице го гледате кога слушате одредени песни кои порано немале никакво значење за вас. Девојката што ќе ве насмее на начини што ќе заборавите сè околу вас. Онаа што ќе ве натера да заборавите на болките од минатото.

Останете сингл додека не ја запознаете девојката што има златно срце. Онаа што се движи на сопствениот ритам и е автентична. Девојката чиј допир ве лекува, чиј бакнежи ве тераат да копнеете за повеќе и чие присуство ве прави да уживате во секој момент. Онаа што ќе ве натера да сакате да бидете подобар маж.

Останете сингл додека не ја запознаете девојката за која ќе треба да се трудите повеќе за да ја импресионирате. Онаа што ќе ве натера да сакате да забавите за целосно да уживате во времето поминато заедно. Девојката за која ќе чувствувате „пеперутки“ во стомакот пред секое гледање.

Останете сингл додека не ја запознаете девојката што нема да ве зема здраво за готово и која секогаш ќе кажува „благодарам“. Онаа што ќе се сретне со вас на половина пат, што ќе ги прифати сите ваши негативни страни и маани.

Останете сингл додека не ја запознаете девојката во која ќе гледате добра мајка со којашто ќе можете да изградите семејство. Онаа со која можете да градите живот. Девојката што би направила сè за вас.

Останете сингл додека не ја запознаете девојката која ќе ја сакате да ја разгалите. Девојката со која ќе сакате да ги поминувате сите утра заедно. Онаа која можете да ја гледате додека спие, мислејќи дека е најубавата на светот. Девојката поради која ќе помислите: „Таа е таа!“

До тогаш, останете сингл.

Девојки, имаме совети и за вас! Останете сингл додека не запознаете вакво момче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар