Ослободете се од забоболката со најдобриот природен лек

Ослободете се од забоболката со најдобриот природен лек

Не мора да посегнувате по аналгетици и смрзнати зеленчуци од вашиот фрижидер. Сѐ што треба да направите во случај на заобоболка е да посегнете по шкафчето со зачини во вашата кујна. Извадете го садот со каранфилче.

26FY03BM

Каранфилчето најчесто се користи како додаток во варено вино, некои го додаваат и во одредени јадења, но верувале или не, тоа има антивоспалително дејство, па ќе ви помогне да се ослободите од забоболката додека да трепнете.

Ставете цело каранфилче во уста и загризете го меѓу здрави заби за да го испушти маслото. Држете го омекнатото каранфилче на болниот заб околу 30 минути. Потоа плукнете го. Процесот можете да го повторите неколку пати во текот на денот со цел да ја олесните болката додека да отидете на забар.

Доколку каранфилчето ви создава непријатно чувство меѓу забите, послужете се со газа. Ставете неколку каранфилчиња во газа и направете мало торбиче. Исчукајте ги каранфилчињата со чекан за месо за да го испушти своето благотворно масло и така навлажнетата газа поставете ја на болното место.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар