Oригинални италијански лазањи: Вкус што не се заборава

Oригинални италијански лазањи: Вкус што не се заборава

Италијанците, како и целиот свет, сметаат дека лазањите потекнуваат од Болоња. Но вистината е дека тие настанале во Грција, а името го добиле по глинената тава во која се правеле позната како „lasanon“.

Oригинални италијански лазањи: Вкус што не се заборава

Италијанците малку го преправиле рецептот и со текот на времето лазањите станале нивно традиционално јадење. Во продолжение погледнете го рецептот токму за овие „преправени“ лазањи.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
  • 500 грама кори за лазања
За рагу сос:
  • 250 грама мелено говедско месо
  • 250 грама мелено свинско месо
  • 500 грама сос од домати
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 70 грама ситно исечкан корен од целер
  • 70 грама ситно исечкани моркови
  • 1 голем ловоров лист
За бешамел сос:
  • 1 лажица путер
  • 1 литар полномасно свежо млеко
  • 2 супени лажици брашно
  • Мускатно оревче
  • 120 грама свежо рендан пармезан
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

За редење на лазањите потребна ви е правоаголна тава.

Рагу сос:

Ситно исечканите кромид и лук, морков и целер пржете ги на маслиново масло. Додајте го меленото месо, пржете, па додајте сол и бибер. Потоа додајте го сосот од домати и ловоровиот лист. Покријте го садот и оставете го да се готви половина час.

Бешамел сос:

Растопете го путерот во големо тенџере, тргнете го од оган и додајте го брашното. Вратете го тенџерето на шпоретот и мешајте додека не добиете густа хомогена смеса. Повторно тргнете го садот од огнот и постепено додавајте го млекото со непрекинато мешање. Додавајте млеко секогаш кога смесата ќе стане хомогена. Вратете го тенџерето на оган и мешајте додека не добиете густина на јогурт. Додајте сол, бибер и рендано мускатно оревче.

Тавата премачкајте ја со масло и наредете го првиот ред кори за лазањи. Нанесете еден ред месо, една лажица рендан пармезан и еден кутлач од бешамел сосот. Повторете ја постапката додека не го потрошите филот.

Пред крајот на корите додајте само бешамел сос и пармезан, а на последната кора додајте и малку сос од домати.

Печете 20 минути, во рерна загреана на 180 степени.

Доколку сакате верзија без месо, пробајте ја оваа вегетаријанска лазања со спанаќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар