Опасности кои им се закануваат на домашните миленици во вашиот дом

Опасности кои им се закануваат на домашните миленици во вашиот дом

Храната и лековите кои се за вас безопасни, за вашето куче или мачка можат да бидат многу опасни. Сигурно веќе знаете дека не треба да ги пуштате во близина на хемикалии и средства за чистење, но потенцијалните опасности во домот се многу посериозни…

Опасности кои им се закануваат на домашните миленици во вашиот дом

1. Лук, кромид или праз

Тие можеби се здрави за човекот, но за животните имаат многу штетно влијание на црвените крвни зрнца. Тие можат да предизвикаат анемија или оштетувања на бубрезите, кои се забележуваат преку слабоста и надразнетиот желудник. Важно е да знаете дека тие се опасни и во сиров, но и во зготвен облик. Како прав не, бидејќи такви често и се наоѓаат во храната за животни.

2. Чоколадо

Кучињата обожаваат чоколадо, исто како и луѓето, па токму затоа понекогаш сопствениците си дозволуваат да им дадат неколку залчиња. Па, доколку не сакате да му го одземете ова задоволство на вашето милениче, внимавајте какво чоколадо му давате. Најопасни за нив се темното чоколадо и чоколадото за готвење. Најголемата опасност доаѓа од какаото, кое е особено опасно за малите раси.

3. Гума за џвакање без шеќер

Мачките и кучињата не можат да го обработат вештачкиот засладувач кој се наоѓа во гумите за џвакање и токму тоа влијае на нивото на гликоза во нивниот крвоток и може да предизвика нагло опаѓање на шеќерот во крвта. Во најлош случај тоа може да предизвика смрт, а другите последици се напади и оштетувања на црниот дроб.

4. Семки

Семките од сливи, кајсии, цреши и јаболка се екстремно опасни за животните бидејќи можат да ги затворат нивните дишни патишта. Подеднакво се опасни и ако застанат во нивниот дигестивен систем.

5. Мувлосана храна

Доколку не ја празните редовно кантата за ѓубре, погрижете се дека таа е вон дофатот на вашите домашни миленичиња. Остатоците од храна кои се многу мувлосани, особено оние од леб, тестенини и сирење, можат да предизвикаат повраќање, тресење и различни видови невролошки проблеми.

6. Кафе

Иако за нас кофеинот во кафето е еликсир на животот, кај домашните миленици предизвикува повраќање и забрзана работа на срцето. Кафето без кофеин е помалку опасно, но сепак ќе предизвика дијареја.

7. Аспирин и други лекови за воспаление кои не се на база на стероиди

Денес многумина им даваат мали дози аспирин на своите миленици, но неговото дозирање треба да се одреди многу внимателно бидејќи покрај бројните здравствени проблеми, може да предизвика и смрт. Тој е поопасен за мачките бидејќи нивниот организам не произведува ензими кои се потребни за негово разградување. Симптомите на труење од аспирин кај мачките вклучуваат дезориентација, губење апетит, повраќање и крвава столица, додека пак кај кучињата се манифестира преку дигестивни проблеми, потешкотии со дишењето, невролошки проблеми и проблеми со бубрезите.

8. Домашни растенија

Тие се задолжени за разубавување на домот и дворот, како и за создавање кислород, но доколку љубопитните миленици одлучат малку да пробаат од погрешното растение, тоа може да биде многу опасно по нивното здравје. Малите количини на благо токсични билки не можат да им наштетат, но големото консумирање во повеќе наврати може да биде фатално. Откријте за кои билки точно станува збор тука. Знаците на труење со некои од овие билки вклучуваат повраќање, често мокрење и жед.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар