Омилениот рецепт за шпагети на Одри Хепберн

Омилениот рецепт за шпагети на Одри Хепберн

Во една од нејзините биографии, син ѝ ја опишал Одри како „зависник“ од јаглехидрати. Нејзиното омилено јадење било шпагети во сос од домати-“pasta a la pomodoro”, и ги правела секоја недела.

(2) omileniot-recept-za-shpageti-na-odri-hepbern

Станува збор за традиционален италијански рецепт. Сепак, во секој рецепт постои некое отстапување и ситни измени кои на прв поглед изгледаат како неважни, но сепак имаат големо влијание на вкусот на храната.

Потребни состојки:
  • 1 мала главица кромид, ситно исечкана
  • 2 чешниња лук, ситно исечкани
  • 2 моркови, исечкани на коцкички
  • 2 стебленца целер, ситно исечкани
  • 2 поголеми излупени домати
  • 1 рака свеж босилек
  • 250 грама шпагети
  • Рендан пармезан и сол по желба
Начин на подготовка:

Во поголем сад ставете ги кромидот, лукот, морковите, целерот и доматите. Залијте ги со 2 лажици маслиново масло. Земете половина од босилекот и додајте ги листовите во садот. Поклопете го садот и варете ја смесата на умерена температура 45 минути, со повремено мешање.

Додека сосот се крчка, во друг подлабок сад, ставете околу 750 милилитри вода и оставете да зоврие. Во водата додајте ги останатите листови босилек, но ситно исечкани. Во зовриената вода ставете ги шпагетите (посолете по вкус), намалете ја температурата и гответе додека шпагетите не бидат целосно сварени.

Кога сосот ќе биде готов, тргнете го од ринглата и оставете го 15 минути на страна. Исцедените шпагети прелијте ги со сосот и на крајот додате пармезан по ваша желба.

Погледнете ги и овие 3 едноставни рецепти за подобро расположение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар