Олеснување во секојдневниот живот: Неколку корисни совети за девојките!

Олеснување во секојдневниот живот: Неколку корисни совети за девојките!

Момците ова никогаш нема да го разберат, но без разлика, ние ги знаеме нашите маки. Никогаш немаме време да го завршиме она што сме го испланирале за дента и секогаш нешто ни излегува од контрола. За да не ги губите нервите на непотребни работи, денес ќе ви откриеме неколку трикови кои ќе ги засакате веднаш штом ќе ги испробате.

Cute pin up girl applying blusher

Колкупати ви се случило само неколку минути по лакирањето на ноктите да се обидете да го земете телевизискиот управувач или сте добиле нова порака на вашиот телефон, па за момент сте уништиле сè? Ако никогаш не сте ја доживеале оваа ситуација, најверојатно не сте девојка. Она што може да ви помогне лакирањето на ноктите да стане помалку трауматично искуство е фенот. Сè што треба да направите е да го држите неколку минути над ноктите. Важно е само да го вклучите на ладен воздух и ноктите ќе се исушат побрзо.

2-olesnuvanje-vo-sekojdnevniot-zhivot-nekolku-korisni-soveti-za-devojkite-www.kafepauza.mk_

Зошто прво би ја сушеле косата, а потоа со фигаро или преса би правеле локни и бранови? Доколку ви е потребна фризура за секој ден, измијте ја косата, сплетете две плетенки додека косата е мокра, па исушете ја. Кога косата ќе биде потполно сува, расплетете ги и ќе добиете совршени бранови.

3-olesnuvanje-vo-sekojdnevniot-zhivot-nekolku-korisni-soveti-za-devojkite-www.kafepauza.mk_

Уште еден трик со фен. Сите ние знаеме дека после туширањето огледалата во бањата остануваат замаглени. Најбрз начин да ги средите е да вклучите фен. Овој пат не е важно дали воздухот ќе биде ладен или топол. Испробајте и решете го проблемот за само неколку секунди.

4-olesnuvanje-vo-sekojdnevniot-zhivot-nekolku-korisni-soveti-za-devojkite-www.kafepauza.mk_

Сочувајте ги ролните од тоалетна хартија. Тие може да ви послужат како футроли за предметите кои ви се расфрлани насекаде низ домот. На тој начин сè ќе ви биде средено. Можете да си поиграте и да ги украсите, за да имате оригинални држачи за моливите и останатиот прибор – за девојките барем, никогаш не им е доста.

5-olesnuvanje-vo-sekojdnevniot-zhivot-nekolku-korisni-soveti-za-devojkite-www.kafepauza.mk_

Мажите се, по некое правило, жестоки возачи, додека пак „сите девојки се русокоси и не знаат да возат во рикверц“. Но, ние имаме еден совет за сите девојки возачи – фаровите најубаво се чистат со паста за заби. Нанесете, истријте, исплакнете и само гледајте како сјаат. Па дури и вашето момче ќе ви симне капа за овој трик.

7-olesnuvanje-vo-sekojdnevniot-zhivot-nekolku-korisni-soveti-za-devojkite-www.kafepauza.mk_

Доколку спаѓате во онаа група девојки кои патат поради тенка и слепена коса, ние имаме решение за вас. После миењето на косата, сушете ја така што главата ќе ја наведнете надолу. На овој начин косата ќе добие волумен и нема да биде слепена на темето.

8-olesnuvanje-vo-sekojdnevniot-zhivot-nekolku-korisni-soveti-za-devojkite-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар