Одржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го прави

Одржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го прави

Сите сме одговорни за одржување на чистотата во целиот дом, со посебен акцент на кујната.

Правилата се должни да ги применуваат сите членови на семејството, како и да се однесуваат одговорно во согласност со препораките на надлежните.

Одржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го прави

Инфекцијата со коронавирусот се шири преку заразените површини, па затоа е важно да се променат навиките што го зголемуваат ризикот од пренесување што е можно поскоро.

Никој не може со сигурност да каже колку долго вирусот се задржува на различните површини. Постојат информации дека времетраењето е подолго кога станува збор за метални површини, но проценките се движат од неколку часа до 10 часа.

Бидејќи преносот на вирусот најчесто се прави преку допирање на заразената површина и потоа негово внесување преку рацете, многу е важно особено да се задржите на хигиената на рацете и храната.

1. Хигиената започнува уште при набавка на продуктите

Одржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го прави

Одете во продавницата со список на потребните продукти, земајте ги по ред, уредно и без непотребно допирање на она што не планирате да го купите.

Имајте на ум да не го допирате лебот што сè уште се продава во полуотворени кеси во многу продавници. Кога е тоа можно, купете леб што е затворен во кеса.

Купувајте спакувана храна наместо таа што се продава на мерење, особено ако на полиците гледате отворени вреќи или пластични кутии со продукти.

Не се задржувајте во редиците повеќе од потребно, особено кога продавницата е преполна. Сè што може да се нарача нарачате преку Интернет и останете дома.

2. Хигиена на продуктите дома

Одржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го прави

Веднаш штом ќе се вратите дома, отпакувајте ги продуктите од торбите и веднаш измијте ги.

Внимателно извадете ги продуктите од нивната амбалажата и спакувајте сè што можете во домашната амбалажа.

Исто како што обично ставате кафе и шеќер во други садови, така веднаш измијте го овошјето и ставете во сад. За малите деца, отпакувајте ги чоколадите, искршете ги на коцки и ставете го во тегла со капак. Додека распакувате, мијте ги рацете повремено.

Производите се многу валкани, бидејќи минуваат низ „илјада раце“ додека не стигнат до полицата.

Тогаш вие ќе ги ставите во не толку чистата корпа, со рацете со кои сте чепнале на многу места, а на касата ќе ги земете валканите пари.

Звучи претерано, но патеката на производите е, исто така и патека на инфекцијата.

Во принцип, многу бактерии се повеќе од добредојдени во домот, секој епидемиолог тоа ќе ви го потврди. Но, поради тоа што многу малку се знае за тековната пандемија на коронавирусот, секој може да помогне во намалувањето на ризикот со примена на мерките на претпазливост и зајакнување на хигиената.

3. Оброците подготвувајте ги и јадете ги дома

Одржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го прави

Ако не сакате или не можете да готвите, секогаш можете да ја изберете помалку ризичната варијанта. Затоа е подобро да нарачате храна и да јадете дома со својот прибор. Дома може и да ја загреете храната на висока температура, што ќе ги уништи бактериите.

Ова е решение за да се избегнат гужвите во рестораните, како и ризикот од користење прибор за јадење што не сте го измиле лично.

Ако веќе јадете надвор од домот, и можете да изберете, тогаш секогаш е подобро да јадете на отворено.

Направете го тоа во киоск за брза храна. Дури и ако е малку студено, подобро е да јадете пред киоскот отколку во затворениот простор во мал ресторан.

4. Планирајте оброци со термички обработена храна

Одржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го прави

Кога купувате продукти, планирајте ги оброците за да можете да ја чувате храната што никој не ја допрел со голи раце или што можете да ја подложите на загревање.

Ова значи дека зелката е подобро да се исчисти од надворешните лисја, но магдоносот што стои со часови во тегла со вода на полицата не е добредојден.

Ако сакате магдонос, не ставајте го во салата, туку во врела супа која ќе ја оставите да врие малку подолго.

Кога купувате зеленчук, одберете го оној што се лупи, а најбезбедно е да го јадете оној што е ставен во замрзнувач од есента.

Во куќата, редовно бришете ги кваките, прекинувачите, клучевите и кујнски површини.

Редовно користете кујнски крпи и сунѓери.

Обработувајте ја храната само со чисти раце, а вашите нокти нека не бидат премногу долги.

Можеби сакате да ги прочитате и овие 12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар