Претходно
Одлично за постите или за мезе: Како да направите сирење без млеко?
Ако сте одбрале веганска диета како начин на живот или од здраствени причини одлучувате да постите и да не внесувате храна од животинско потекло, тогаш овој рецепт е за вас. Ова сирење е лесно и брзо за подготовка и е одлично за постите или за мезе со чаша добро вино.
Потребни состојки:
- 250 г индиски ореви
- 1 лажичка босилек
- 1 лажичка орегано
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка и половина нишесте
- 1 чешне лук
- 1 лажичка сок од цеден лимон
- 1 лажичка јаворов сируп
- 2 лажички агар-агар во прав
- 3 лажици квасец
Начин на подготовка:
- Во блендер ставете ги индиските ореви, босилекот, ореганото, солта, нишестето, лукот, сокот од лимон, јаворовиот сируп и квасецот. Ставете 125 милилитри вода и мешајте за да добиете изедначена смеса.
- Во шерпа ставете 125 милилитри топла вода и 2 лажички агар-агар во прав. Мешајте на средна топлина и когата ќе зоврие додадете ја смесата од блендерот и пак мешајте.
- Гответе додека не зоврие, а потоа истурете ја смесата во тава. Оставете да отстои во фрижидер 2 часа. Исечете на парчиња и уживајте во вкусот.
Погледнете го и овој рецепт за ладни сендвичи со краставица.