Одлични трикови за убавина: Што да правиме со шампонот и кремот кои не ни одговараат?
На сите ни е познато чувството кога ќе купиме козметички производ што потоа излегува дека не ни одговара. Шампон што уште повеќе ја масти косата, крем кој е премногу тежок за нашата кожа, мелем за усни што практично ги суши усните.
Но, што да правиме со производите кои штотуку сме ги купиле и за кои сме потрошиле пари? Ако подарувањето некому не е опција – не очајувајте!
Во следниов текст ви предлагаме корисни начини на кои можете да ги искористите производите за убавина што не ви одговараат и да ги пренамените за други цели!
1. Крем за лице
Ако вашата купена крема е премногу масна и тешка, користете ја како крем за пети, раце или лакти… Ова се регии за кои е потребна помасна текстура на крем. Покрај тоа, можете да користите крем за одржување на кожата на чевлите, ракавиците или чантите.
2. Мелем за усни
Несоодветниот мелем за усни, користете го за премачкување на кутикулите на рацете и нозете.
3. Шампон за коса
Ах, дали купивте шампон за коса и откривте дека ви предизвикува првут или е премногу тежок за вашата коса? Едноставно користете го за да ги исперете осетливите алишта како долниот веш или градникот. Плус, можете да ги измиете и четките за шминка и сунѓерчињата. Можете да користите шампон и за да ги исперете детските играчки.
4. Регенератор и маска за коса
На сите нас ни се случува да дадовме пари за регенератор или маска што не ни помага. Користете го регенераторот наместо пена за бричење на нозете: ќе видите дека бричот феноменално ќе лизга низ кожата, без исекотини, а кожата ќе ви биде совршено мазна!
5. Пилинг за лице
Купивте пилинг за лице и по првата употреба сфативте дека ќе ви го оштети лицето затоа што е премногу груб? Користете го како дел од вашата домашен маникир за пилинг на рацете или нозете. Ако е многу груб, ќе послужи и како пилинг на тело.
6. Млеко за тело
Можете да користите несоодветното млеко или лосион за тело на многу начини: ако вашата коса е наелектирзирана или замрсена, само втријте мала количина млеко за телото на рацете и поминете низ вашата коса за да ги скротите антените. Ова важи и за „наелектризираното“ крзно од домашното милениче. Исто така, со млеко за тело, отстранете ги трагите од лепило откако ќе ја извадите налепницата, негувајте ја кожната фотелја за која може да користите и пена за бричење!
7. Масло за нега на тело
Дали купивте ново масло за нега на тело, па откривте дека страшно ви смета мирисот или е премногу масно? Не фрлајте го, туку искористете го на следниов начин: натопете ги нозете во маслото и потоа облечете кеси за замрзнувач, па памучни чорапи одозгора! Кожата на нозете ќе биде супер мека. Додајте 2 лажици масло во бањата за да ја омекнете кожата додека лежите во кадата. Користете го ваквото масло и за одржување на резињата на вратите, или синџирите на велосипедот.
8. Дезодоранс
Дигнете рака ако не ви сте се случило да купите дезодоранс што не е ефикасен или има задушувачки мирис! Овој вид на дезодоранс користете го против непријатните мириси на нозете: нанесете го навечер пред спиење, за да бидете безбедни следниот ден. Користете дезодоранс како освежувач на плакарот: оставете го отворен во плакарот за убав, опоен мирис! Ако бутовите ви се тријат еден со друг, решете го проблемот со малку дезодоранс во стик.
9. Серум за лице
Несоодветниот серум за лице што не ви одговара користете го како серум за вратот и деколтето. Може да го користите и за нега на рацете, пред да нанесете крем за раце. Запомнете дека на вашата кожа ѝ треба хидратација!
Можеби сакате да прочитате и зa 6-те бебешки производи кои ќе ја променат вашата рутина за нега и убавина.