Одлични трикови за сите домаќинки: Како да ја искористите кората од лимонот?

Одлични трикови за сите домаќинки: Како да ја искористите кората од лимонот?

Повеќето луѓе ја фрлаат кората од лимонот, но овие совети и врвни трикови како да ја искористите кората ќе ве воодушеват.

Одлични трикови за сите домаќинки: Како да ја искористите кората од лимонот?

Маслиново масло од лимон

Изрендајте 3 лажички кора од лимон и додајте ги во една лажица маслиново масло – таа е пропорција, а може да ја зголемите количината. Оставете ги да стојат заедно 2 седмици и ќе добиете маслиново масло од лимон, подготвено за употреба и со одличен освежителен вкус.

Корисно е да се консумира како додаток во исхраната или наутро на празен стомак бидејќи има функција на прочистување на целиот организам.

Коцки мраз од лимон

Во калапот за мраз додајте рендана кора од лимон, турете вода и вратете го во замрзнувачот. Ќе видите дека веќе нема да можете да го пиете вашиот омилен пијалак без овој освежителен додаток.

Против непријатни мириси

За да ја апсорбирате непријатната миризба од корпата за отпадоци, ставете неколку кори од лимон на дното. Кората ќе ги апсорбира сите непријатни мириси, но треба да се менува на секои два до три дена.

Исто така, можете да ставите кора од лимон во патиките или чевлите ако имате проблем со непријатен мирис на стапалата.

Исчистете ја микробрановата печка

Во сад ставете рендана кора од 5 лимони, измешајте со вода и ставете ја смесата во микробранова печка. Нека биде вклучено на највисока температура околу 5 минути.

На овој начин, ќе ја исчистите микробрановата печка внатре. Избришете ги ѕидовите со крпа и вашата печка ќе биде како нова.

Погледнете како да ја искористите кората од лимонот за да добиете вкусен оброк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар