Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

За многумина од нас совршената шминка значи многу професионални продукти и седење со часови пред огледалото. Но, постојат навистина едноставни трикови со кои ќе се нашминкате како вистински професионалец. Иако некои од советите изгледаат чудно, барем се функционални.

1. Виљушка за контурирање

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Употребете виљушка за нанесување на темните контури од страните на носот, за вашите веѓи или за исцртување со туш.

2. „Хаштаг“ шминка за очи

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Нацртајте тараба на крајот од очниот капак и внимателно замачкајте го. Ако сакате потемна боја, повторете ја постапката.

3. Лажица за шминка на очи

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

И лажицата може да ви се најде во разубавувањето. Таа ќе ви помогне да ја задржите кожата чиста додека нанесувате маскара, или совршено да ја нанесете сенката за очи.

4. Фен за коса за извиткани трепки

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Откако ќе завршите со шминкање, издувајте ги трепките нагоре со фенот. Топлината ќе ги извитка и ќе направи подолго да останат во таа позиција.

5. Четка од маскара за средување

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Сигурно ви се случило да го извалкате очниот капак со маскара на крајот од шминкањето. Наместо да го бришете целото око, дозволете и на маскарата да се исуши и отстранете ја со чиста четка за маскара.

6. „Стробинг“ ефект со помош на сјај за усни

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Нанесете сјај за усни во средината на горната и долната усна по нанесувањето на карминот. Овој трик е одличен за претворање на дневната шминка во вечерна.

7. Бебешка пудра за густи трепки

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Ако сакате да го постигнете ефектот лажни трепки, овој трик ќе ви помогне. Нанесете еден слој маскара на трепките и пред да се исуши нанесете малку бебешка пудра. Можете да користите четка или памук. Нанесете уште еден слој маскара. Ако сакате погусти трепки, повторувајте додека не го добиете посакуваниот резултат.

8. Дебела линија со моливче за очи

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Ако вашето моливче е премногу тенко, загревајте го врвот една секунда со запалка. Оставете да се излади околу 15-тина секунди и нанесете. Внимавајте да не го нанесете моливчето додека е жешко. Прво пробајте го на вашата рака.

9. Спречете го бришењето на карминот

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Нанесете го карминот, ставете хартиено шамиче на усните и врз него нанесете малку камена пудра. На овој начин карминот ќе остане на вашите усни, а не на шолјата или на облеката.

10. Претворете ја кружната четка во рамна

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Рамната четка е совршена за тенки и прецизни контури. Но ако ја немате, ставете две шноли на кружна четка и наместете ги така што ќе добиете форма на ладало.

11. Нанесување моливче за очи

Одлични трикови за шминкање што ќе ѝ се најдат на секоја девојка

Ова е одличен трик доколку се брзате. Со моливче за очи исцртајте линија на работ на виткачот за трепки. Потоа користете го како и обично, само обидете се да го доближите работ што е можно повеќе. Повторете неколку пати, односно сè додека не го добиете посакуваниот резултат.

Пробајте ги и овие трикови за брзо и ефикасно шминкање.
ж


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар