Одличен совет како подлогата за јога да ја одржувате чиста

Одличен совет како подлогата за јога да ја одржувате чиста

Без разлика дали сте само почетник или веќе вежбате активно, подлогата за јога е исклучително важна бидејќи таа е вашата основна опрема за вежбање. При изборот, од суштинско значење е да ви биде пријатно и лесно да ја одржувате. Популарноста на јогата расте, па затоа и понудата на подлоги е одлична, а при купувањето задолжително обрнете внимание на материјалот, што е исклучително важно бидејќи ви овозможува мекост, издржливост и еластичност. Исто така, обрнете внимание на дебелината и на текстурата на подлогата.

Одличен совет како подлогата за јога да ја одржувате чиста

Бидејќи хигиената стана основно правило во нашиот живот во текот на изминатата година, исто така е важно да се примени оваа хигиена и на опремата за вежбање.

Ерин Моц, наставничка по јога, на својот профил на Инстаграм познат како @badyogiofficial, споделува совети за тоа како да ја превртите подлогата за јога на „почист“ начин. Моц го започнува своето видео со објаснување дека кога ќе ја превртите подлогата за јога на типичен начин – со тркалање од едниот до другиот крај, ја пренесувате само нечистотијата што се наоѓала на дното на подлогата и неизбежно е да допрете нечистотијата со вашите раце, а можеби дури и да ја пренесете на лицето.

Моц предлага алтернативен метод: прво преклопете ја подлогата на половина како да е хартија, така што двете половини свртени нагоре да се допираат. Потоа, почнувајќи од свитканиот раб, само завиткајте ја подлогата како и обично. На тој начин, страната што го допира подот нема да биде во контакт со лицето и рацете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ERIN MOTZ (@badyogiofficial)

Дури и пред пандемијата, подлогите за јога беа извор на многу бактерии и вируси кои предизвикуваат настинки, грип, кожни инфекции, стомачни тегоби, херпес и слично. Методот презентиран од Ерин Моц нема да гарантира дека целосно ќе избегнете можни појави, но треба да се испроба, заедно со другите мерки за чистење. Редовното миење и одржување на подлогата е исклучително важно и многу ви помага ако користите ваша сопствена подлога за јога.

Трикот за одржување чиста подлога за јога е исклучително лесен и може да придонесе многу за вашето здравје.

Погледнете ја оваа 25-минутна јога сесија за затегнување на задникот и стомакот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар