Претходно
Одличен рецепт за пуканки од карфиол
Следниот пат кога ќе гледате филм, наместо обични пуканки направете ги овие здрави грицки од карфиол
Потребни состојки:
- 1 главица карфиол
- 20 грама маслиново масло
- 12 грама сув неактивен квасец (или по вкус)
- 2 лажички ким (или по вкус)
- 2 лажички чили во прав (или по вкус)
- Неколку прстофати сол (или по вкус)
Начин на подготовка:
- Исечкајте го карфиолот на мали парчиња.
- Додадете му го маслиново масло и промешајте за убаво да се натопи.
- Додадете ги зачините, солта и квасецот и повторно убаво измешајте.
- Јадете ги веднаш или дехидрирајте ги во подотворена рерна на 60 степени околу 4-6 часа или додека не ја добијат посакуваната текстура. Напомена: Користете нелепливо тавче или обложете обично тавче со хартија за печење и доколку вашата рерна има вентилација, вклучете ја.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.