Одличен избор за ладните денови: На кој начин да ги носите гломазните шалови оваа зима?

Одличен избор за ладните денови: На кој начин да ги носите гломазните шалови оваа зима?

Баш како и сите претходни, така и оваа зима гломазните шалови се на модната сцена, па можете да ги носите во сите можни варијанти и прилики. Станува збор за ефектен и топол аксесоар кој го обожаваме и во овој период секогаш го носиме, па ова е прилика во која ќе можете да дознаете на кој начин може да го комбинирате оваа зима.

1-odlichen-izbor-za-ladnite-denovi-na-koj-nachin-da-gi-nosite-glomaznite-shalovi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

1. Еден од најголемите модни трендови за оваа зима се деталите изработени од крзно, шаловите изработени од подебел конец, но и моделите кои потсетуваат на ќебе. Постојат многу различни варијанти, а кога ќе ја одбирате вашата омилена, одлучете се за модели кои се топли и чие плетиво не делува сиромашно, туку богато.

2-odlichen-izbor-za-ladnite-denovi-na-koj-nachin-da-gi-nosite-glomaznite-shalovi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

2. Сивата, бојата на камила, црната, белата и пастелните бои се одличен избор за совршен изглед. Меѓутоа, ако сакате да постигнете впечатлив изглед, слободно избирајте варијанти во јаки бои.

3-odlichen-izbor-za-ladnite-denovi-na-koj-nachin-da-gi-nosite-glomaznite-shalovi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

3. Бидете одмерени кога ги избирате боите, бидејќи од тоа зависи дали ќе направите моден погодок или модна катастрофа. Кога го велиме ова, мислиме на избирање варијанти со еден или два детали во боја, додека остатокот од комбинацијата треба да биде монохроматски.

4-odlichen-izbor-za-ladnite-denovi-na-koj-nachin-da-gi-nosite-glomaznite-shalovi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

4. Наместо да го префрлите шалот преку рамената, одлучете се за варијанта во која тој ќе биде околу вратот. Значи, носете го вашиот шал така што тој да биде цврсто стегнат и да не виси премногу преку рамената.

5-odlichen-izbor-za-ladnite-denovi-na-koj-nachin-da-gi-nosite-glomaznite-shalovi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

5. Во зависност од текстурата и должината на шалот, стилизирајте го овој гломазен аксесоар на начин кој ќе одговара на сите претходно наведени параметри. Затоа, ако се одлучите за подолг и погломазен шал, носете го така што тој да достигнува до вашите рамена.

6-odlichen-izbor-za-ladnite-denovi-na-koj-nachin-da-gi-nosite-glomaznite-shalovi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар