Одењето на плажа може да направи чуда за вашето психичко здравје!

Одењето на плажа може да направи чуда за вашето психичко здравје!

Поминувањето време на плажа може да биде многу корисно за вашето психичко и физичко здравје. Плажата ќе ви овозможи да се освежите и да си ја вратите енергијата. Благодарение на нивната песочна убавина, плажите создаваат чувство на мир и спокој што е од голема корист за нашето тело и ум. Смирувачкиот мирис и звук на брановите во комбинација со сончевите зраци имаат позитивно влијание на мозокот. Научниците тоа го нарекуваат „син простор“.

Одењето на плажа може да направи чуда за вашето психичко здравје!

Плажата го менува начинот на кој мозокот реагира на околината и научните истражувања докажале дека чувствата на смиреност не се само плод на нашата имагинација. Песочните оази имаат хипнотизирачки ефект на нашата психа и ни помагаат да се ослободиме од стресот и да си го подобриме расположението. Еве како синиот простор влијае на нашиот мозок…

Го намалува стресот

Водата, благодарение на нејзините негативни јони, претставува природен исцелител. Откако по цели денови сте биле изложени на позитивни јони кои се ослободуваат од електронските уреди, негативните јони присутни во водата ни помагаат да се смириме и да се ослободиме од стресот. Токму затоа, многу е важно да поминувате одредено време без технологија. Пливањето и самото седење на плажа со стапалата во вода имаат позитивно влијание на нашите тела по напорниот работен ден.

Ја намалува депресијата

Анксиозноста и депресијата се поврзани со околината во која живееме. Извонредниот пејзаж на бранови и сино небо во придружба на тивкото ветре, песокот и водата се доволни за да ни го подобрат расположението. Самото затворање на очите и замислувањето на таквиот поглед ќе ви помогне значително да го намалите стресот. Убавината на плажата не воведува во медитативна состојба што ни овозможува да се ослободиме од анксиозноста и депресијата.

Одењето на плажа може да направи чуда за вашето психичко здравје!

Ја менува животната перспектива

Одењето на плажа ќе ви овозможи да посветите повеќе време на себе и ќе научите како да бидете порелаксирани. Вашето животно темпо значително ќе се забави и ќе почнете посамоуверено да се справувате со секојдневните проблеми. Анксиозноста ќе се претвори во непозната појава за вас. Ќе научите како да ги решавате работите и како да се соочувате со притисокот што ви го наметнува општеството. Ќе дознаете кои се вашите приоритети и нема да им обрнувате внимание на безначајните нешта. Освен тоа, ќе почнете да го цените времето што го поминувате сами и го посветувате на размислување и медитација.

Ја подобрува креативноста

Чувството на спокој што го предизвикува плажата е неверојатно. Тоа ќе ви помогне да се оддалечите од секојдневниот живот и да најдете покреативно решение за вашите проблеми. Ќе го смирите и освежите вашиот ум и на тој начин ќе станете поспособни да се справувате со тешките и комплицирани ситуации. Плажата исто така ќе ја зголеми вашата концентрација и ќе ви помогне да станете пофокусирани и побудни.

Па, доколку ве мачат чувства на стрес, анксиозност и депресија во последно време, плажата е местото каде што треба да бидете моментално!

Во продолжение прочитајте како стоењето покрај вода може да влијае на вашиот мозок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар