Од работното биро до ноќните журки: 2 изгледи за успешна транзиција
Можеби ви изгледа дека едвај имате време за ручек во канцеларијата, а не пак за одново да се нашминкате. Затоа, еве два елегантни и убави изгледи кои брзо можете да ги претворите од канцелариска монотонија во вечерен гламур и сето тоа за време на работните часови.
Изглед 1: Блескава и свежа
Чекор 1: Контури
Разубавете ја утринската шминка така што ќе додадете бронзер или потемна нијанса на руменило на вдлабнатините на образите, а потоа и по линијата на вилицата.
Чекор 2: Руменило
За да блеснете, нанесете руменило кое ќе ги нагласи јаболчниците.
Чекор 3: Очи
Со прстите, осветлете ги очните капаци со сенка во металик нијанса. Ако сакате да додадете сјај, искористете сенка во шампањ боја со отсјај. Ваквите сенки можат да се употребат и како основа на шминката за да ги нагласите очите и веѓите, потоа како ајлајнер, и врз карминот за да им додадете волумен на усните. За крај, финиширајте со маскара која ќе ги извитка вашите трепки.
Чекор 4: Усни
Малку сјај за слатки и неодоливи усни.
Чекор 5: Коса
Наместо едноставната плетенка, предните шишки и перчиња коса (успева на секоја коса) преплетете ги со два прамени и врзете ги во задниот дел со шноли, така што ќе направите забавна и лесна јаже-плетенка. Откако ќе го заплетете предниот дел, додадете перче коса и вметнете го во плетенката во делот што е најблиску до скалпот. Прицврстете ги краевите со две шноли. Користете металик шноли, како моден додаток.
Чекор 6: Облека
Во чантата земете краток кожен шорц за успешна транзиција. Додадете чантичка во метална нијанса, за пошик изглед. Ако немате место за ваква чантичка, тогаш искористете го несесерот за шминки. Подеднакво добро ќе изгледа.
За вториот изглед преминете на следната страна.
Znaci da nosam so sebe rezerva sorcevi, jakni I canti, pokraj sminkata I priborot za sreduvanje kosa (zaedno so lakot za kosa).
A da si pobaram na rabota I prostor za garderober?
Me interesira kade vi se komentarite, bidejki do sega nitu eden nemam videno 🙂
Пред да излезат јавно, коментарите се одобруваат. Инаку излегуваат скоро сите што се оставени.