„Обратната“ шминка е новата опсесија на познатите дами, а ние со задоволство им се приклучуваме

„Обратната“ шминка е новата опсесија на познатите дами, а ние со задоволство им се приклучуваме

Ако зборуваме за правилата во шминкањето, во суштина, тие се јасни – ајлајнерот се става на капаците, карминот на усните, руменилото на образите… Меѓутоа, зошто да робувате на правилата кога можете да бидете оригинални, креативни и да си играте со вашите омилени мејкап производи? Всушност, зарем никогаш не сте го искористиле карминот како руменило или сенка за очи, а моливот за очи како молив за усни во некоја „откачена“ нијанса? Па, тогаш што ве спречува да го нанесете ајлајнерот на друго место? Ви ја претставуваме новата мејкап опсесија на познатите дами која многу ни се допадна, а топло ви ја препорачуваме.

1-obratna-shminka-e-novata-opsesija-na-poznatite-dami-a-nie-so-zadovolstvo-im-se-prikluchuvame-www.kafepauza.mk_

Во прашање е „обратна“ шминка која не е многу необична, само што акцентот е ставен на долните капаци. Значи, ајлајнерот, сенката или моливот за очи нема да ги нанесете на горниот, туку на долниот капак. Само на долниот. Сѐ што ви е потребно „горе“ е малку маскара, а целокупната „претстава“ се сели на долните капаци со кои навистина може да си играте.

2-obratna-shminka-e-novata-opsesija-na-poznatite-dami-a-nie-so-zadovolstvo-im-se-prikluchuvame-www.kafepauza.mk_

Изберете откачени бои, впечатливи нијанси и нека линиите бидат јасни или сосема зачадени. Комбинирајте и правете свои варијанти, ослободете ја вашата фантазија.

3-obratna-shminka-e-novata-opsesija-na-poznatite-dami-a-nie-so-zadovolstvo-im-se-prikluchuvame-www.kafepauza.mk_

Ако се фокусираме на шминката на познатите убавици, тогаш тоа е комбинацијата на син молив за очи и црвен кармин.

4-obratna-shminka-e-novata-opsesija-na-poznatite-dami-a-nie-so-zadovolstvo-im-se-prikluchuvame-www.kafepauza.mk_

Додека едни го избираат овој едноставен спој, други го „надградуваат“ со црн ајлајнер на горниот капак, многу маскара и уште некоја нијанса на сенка за очи.

6-obratna-shminka-e-novata-opsesija-na-poznatite-dami-a-nie-so-zadovolstvo-im-se-prikluchuvame-www.kafepauza.mk_

Исто така, тука се и кармините во неутрални нијанси вклопени во целокупен изглед со боја на праска, дополнително освежен со долни капаци во сина боја.

5-obratna-shminka-e-novata-opsesija-na-poznatite-dami-a-nie-so-zadovolstvo-im-se-prikluchuvame-www.kafepauza.mk_7-obratna-shminka-e-novata-opsesija-na-poznatite-dami-a-nie-so-zadovolstvo-im-se-prikluchuvame-www.kafepauza.mk_

Колку повеќе го гледаме, толку повеќе сакаме да го испробаме. Дали вие би експериментирале со овој мејкап тренд?

Доколку сакате да експериментирате и сте во потрага по нови начини на шминкање, ви предлагаме да ги погледнете мејкап трендовите за 2017-та година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар