Облечете се од гардероберот на вашата мајка

Облечете се од гардероберот на вашата мајка

Бидејќи мајка ви некогаш била дама со стил, а и модните трендови се повторуваат. И покрај сè, можеби ви е неудобно да ги носите алиштата на вашата мајка, но кога ќе ги погледнете овие причини зошто би требало, дефинитивно ќе го промените вашето мислење.

1-oblechete-se-od-garderoberot-na-vashata-majka-www.kafepauza.mk_

1. Таа има повеќе алишта

Тоа што вашата мајка е барем дваесет години постара од вас, значи дека таа имала толку време за да ја оформи својата гардероба. Поради тоа, таа сигурно има неколку вредни парчиња, кои вие сè уште не можете да си ги купите, а тоа се главно: чанти, бунди, кожни јакни.

2. Винтиџот е сè уште во мода

Во последните неколку години во мода е винтиџ стилот на облекување, а каде најлесно ќе го пронајдете тој стил ако не во гардероберот на вашата мајка. Ако вашата мајка била девојка од 60-тите и припаѓала на „хипи“ движењето, тогаш таа сигурно има цветни фустани до земја и извезени корсети, кои слободно може да ги позајмите.

3. Дуплирање на гардероберот

Ако вие и вашата мајка носите ист конфекциски број, тоа значи дека наутро имате цел гардеробер плус на располагање кога треба да одлучите што да облечете.

2-oblechete-se-od-garderoberot-na-vashata-majka-www.kafepauza.mk_

4. Можност да бидете креативни

Некои парчиња од гардероберот на вашата мајка не виделе дневна светлина неколку години. Може да ги освежите со некои ваши сопствени идеи.

5. Ризница на семејното наследство

Во гардероберот на вашата мајка сигурно ќе ги пронајдете оние обетки со рубини кои сакавте да ги гледате на ушите на вашата баба. Целиот семеен накит кој го носеле постарите членови на семејството, сега сигурно ѝ припаѓа на вашата мајка, а тоа значи дека еден ден ќе биде ваш.

6. Класични парчиња

Стварите како малиот црн фустан, парот добри салонки или бундите се класични, безвремени парчиња. Нив сигурно ќе ги пронајдете во гардероберот на вашата мајка, а на вас ќе изгледаат на потполно различен начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар