Нутела задоволство: 3 вкусни десерти со Нутела

Нутела задоволство: 3 вкусни десерти со Нутела

Зошто да ја користите нутелата само за мачкање палачинки кога од неа може да ги направите најубавите десерти?

Нутела колачиња

Нутела задоволство: 3 вкусни десерти со Нутела

Потребни состојки:
  • 280 г Нутела
  • 2 јајца со средна големина
  • 10 супени лажици брашно
  • 2 полни шаки ореви
  • малку путер
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180˚C. Во еден сад изматкајте ги јајцата, потоа додајте ја нутелата и промешајте. Додека мешате, во смесата додајте го и брашното.

Намрсете ја тавата за печење колачиња со путер, и ставете слој хартија за печење. Доколку немате тава која ќе им даде форма на колачињата, откако ќе се испечат сами исечете ги на коцкички. За крај наросете ги со мелени ореви или друга декорација по ваша желба. Овој десерт може да го сервирате и со сладолед од ванила.

Нутела тортички со кафе и какао

Нутела задоволство: 3 вкусни десерти со Нутела

Потребни состојки:
  • 230 г путер
  • 380 г шеќер
  • 280 г Нутела
  • 3 кафени лажички инстант кафе
  • 4 јајца со средна големина
  • 170 г какао
  • сосем малку сол
  • 1 кафена лажичка прашок за пециво
  • 150 г брашно
  • 200 г чоколаден чипс (чоколадни топчиња)
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180˚C. Намрсете ја тавата за печење колачиња, па поставете слој хартија за печење. Путерот ставете го во огноотпорен сад, потоа садот поставете го во тенџере со зовриена вода за путерот да се растопи.

Во голем сад за матење додајте ги шеќерот и растопениот путер. Добро измешајте ги. Додека смесата е уште топла додајте ги нутелата и кафето. Продолжете да мешате додека смесата не стане хомогена. Додајте ги јајцата, солта и прашокот за пециво. Додека смесата ја матите, додајте ги и брашното и какаото.

Откако смесата е добро изматена, додајте го и чоколадниот чипс. Добиеното тесто внимателно налејте го врз тавата за печење и печете околу 40 минути. Откако ќе се испече (може да тестирате доколку забодете дрвена чепкалка, ако излезе чиста, значи печењето е готово). Оставете го испеченото тесто добро да се олади пред да го исечете на коцки. За декорација на тортичките, искористете ја вашата креативност!

Нутела чизкејк без печење

Нутела задоволство: 3 вкусни десерти со Нутела

Потребни состојки:
  • 250 г слатки бисквити, искршени на парчиња
  • 25 г лешници, исечкани и малку потпечени
  • 75 г несолен путер на собна температура
  • 400 г Нутела на собна температура
  • 500 г крем-сирење на собна температура
  • 50 г шеќер во прав
Начин на подготовка:

Искршените бисквити ставете ги во сад за матење, потоа додајте го путерот, како и 15 супени лажици Нутела. Матете со миксер на средна брзина. Откако добро ќе ги изматите додајте ги лешниците и добро измешајте ги во смесата.

Во округла тава налејте ја смесата. Сторете го тоа внимателно бидејќи ова ќе биде основа на вашата торта. Тавата ставете ја во фрижидер.

Во друг сад матете ги крем-сирењето и шеќерот во прав, додека не се спојат. Додајте го и остатокот од нутелата и измешајте добро. Извадете ја тавата од фрижидер и над замрзнатата смеса додајте ја смесата со крем-сирењето. Повторно вратете ја тавата во фрижидер. Нека отстои 2 ½ часа.

Може да ја сервирате ладна, само за да можете добро да ја исечете, претходно потопете го ножот во жешка вода. Може да декорирате со чоколаден сируп или шлаг.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар