Нова студија покажува дека луѓето што страдаат од акни стареат побавно

Нова студија покажува дека луѓето што страдаат од акни стареат побавно

Постојат многу работи што можат да ви го расипат расположението во текот на денот, а откривањето нови акни на вашиот нос е можеби најлошото изненадување што постои. Особено кога треба да излезете со личноста што ви се допаѓа или кога имате важен состанок на работа. Но, изгледа дека има една позитивна страна на ова, што без сомнение ќе ве насмее кога ќе ги забележите.

И покрај тоа што можеби се нервирате поради акните, добрата страна е што ова е најчесто знак дека на долг рок ќе изгледате помлади од вашите пријатели. Можеби и веќе сте чуле досега дека акните можат да ја заштитат вашата кожа од стареење, но целиот тој процес до скоро беше многу нејасен. Благодарение на научниците, денес го имаме одговорот. Изгледа дека тајната се крие во теломерите.

Замислете ги теломерите како пластичните врвови што се наоѓаат на врвот на врвките. Пластичните врвови ги штитат врвките од распаѓање, исто како што и теломерите ги штитат хромозомите од истото. Секој пат кога клетката се дели, теломерите стануваат пократки. И токму овој процес е поврзан со стареење и повисок ризик од смрт.

Изгледа дека луѓето кои се склони на акни имаат подолги теломери во споредба со оние „среќниците“ со чиста кожа. И токму затоа нивните клетки се малку подобро заштитени од знаците на стареење како брчките или слабеењето на кожата.

Студијата била спроведена на 1.205 жени близнаци. Учесничките пријавиле дали некогаш страдале од акни и како успеале да се справат со овој проблем. Потоа истражувачите ја мереле должината на нивните теломери. Според резултатите, околу 1/4 од близначките имале проблеми со акни и токму тие имале значително подолги теломери од другите жени.

Истражувачите предупредуваат дека се потребни повеќе студии со цел да се докаже поврзаноста помеѓу акните и побавното стареење. Но, според тоа што го знаеме досега, можеме конечно да престанеме да се нервираме кога ќе видиме нови акни на нашето лице!

Дали сте знаеле и дека мобилните телефони можат да предизвикаат акни и други проблеми со кожата на лицето?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар