Нов тренд за одржување на долгата коса: Палење на врвовите со свеќа

Нов тренд за одржување на долгата коса: Палење на врвовите со свеќа

Палењето на косата ги уништува распуканите и мртви врвови, при што не се крати од нејзината должина – вака тврдат фризерите кои ја применуваат оваа техника. Со тоа се добива здрава коса која лесно може да се потхрани. Ако се прашувате како Алесандра Амросио и Изабели Фонтана имаат толку прекрасна коса, сигурно не би помислиле дека тоа е резултат на палење.

0-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mk

Новата бразилска метода наречена велетерапија, односно кратење со свеќа го прави токму тоа. Со помош на свеќа се палат мртвите и расцветани врвови со што се постигнува отворање на фоликулите за да можат да се обноват низ процес на нанесување маски и регенератори. Косата најпрво се дели на ситни прамени, благо се завиткува со прстите, а потоа стилистот со пламенот од свеќата поминува преку врвовите и ги уништува мртвите делови.

3-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mk 1-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mk4-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mk

После третманот, влакната се полни со восок. Секако, косата мириса на запалена, но потоа се мие и длабински се храни со регенератор.

Еве како тоа изгледа.

Овој начин на моделирање на косата во Јужна Америка е популарен уште од 60-тите години на минатиот век, а многу жени го практикуваат и сами дома. Третманот трае околу 2 часа и во Њујорк чини помеѓу 150 и 200 долари во зависност од должината на косата. После третманот се препорачува косата да се одржува на истиот начин, а може да се повтори после 8-12 недели.

Фризерите советуваат ова да не го правите сами дома со цел да ги избегнете несаканите последици.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар