Нов тренд на социјалните мрежи: Розови плетенки во форма на цвеќиња
Изгледа дека нема потреба да бидете хипици или да живеете во Сан Франциско за да носите цвеќиња во вашата коса. Најновиот пролетен тренд го покажува токму тоа – прекрасни плетенки во косите на девојките, умешно наместени за да наликуваат на ружи. Идејата започнала од фризерката Алисон Валсамис, која потоа направила и видео туторијал за да ни покаже како и самите да ја направиме оваа фризура.
„За да ги направам ружите, прво правам 3 мали плетенки што ќе се претворат во центарот на цветот. Потоа, правам комбинација од обичната плетенка „рибја коска“ и холандската верзија од истата, малку одвоени за да создадам длабочина. На крај завршувам со холандска плетенка со 3 прамени, повлечени само од надворешната страна, за да изгледа како расцветено цвеќе“, открива таа.
Делува едноставно, зарем не? Погледнете го видео туторијалот во продолжение како и повеќе фотографии од овој прекрасен тренд и пишете ни дали ви се допаѓа.