Нов летен тренд: Кобра плетенка готова за само 5 минути

Нов летен тренд: Кобра плетенка готова за само 5 минути

Доколку на прв поглед се заљубивте во оваа нова варијанта на добра познатата едноставна плетенка, сега имате прилика да научите како да ја направите, чекор по чекор. Следете го внимателно упатството и ова лето заблескајте со нова фризура.

1-doagja-nova-varijanta-kobra-pletenka-gotova-za-samo-5-minuti-www.kafepauza.mk_

1. Поделете ја косата на три дела. Средниот дел прицврстете го со ластик.

2-doagja-nova-varijanta-kobra-pletenka-gotova-za-samo-5-minuti-www.kafepauza.mk_

2. Прекријте го ластикот со праменот од вашата лева страна и провлечете го под праменот од десната страна.

3-doagja-nova-varijanta-kobra-pletenka-gotova-za-samo-5-minuti-www.kafepauza.mk_

3. Направете го првиот јазол – потоа со левиот прамен соберете го десниот така што по провлекувањето под десниот прамен ќе го замотате преку него и ќе го провлечете низ дупката помеѓу опавчето и левиот прамен.

4-doagja-nova-varijanta-kobra-pletenka-gotova-za-samo-5-minuti-www.kafepauza.mk_

4. Крајот под праменот прицврстете го со шнола.

5-doagja-nova-varijanta-kobra-pletenka-gotova-za-samo-5-minuti-www.kafepauza.mk_

5. Повторете го истото и од другата страна. Сега овие два прамени ви се споени (како на фотографијата).

6-doagja-nova-varijanta-kobra-pletenka-gotova-za-samo-5-minuti-www.kafepauza.mk_

6. Значи, повторно го провлекувате левиот прамен преку опавчето, под десниот и преку него, а потоа низ дупката.

7-doagja-nova-varijanta-kobra-pletenka-gotova-za-samo-5-minuti-www.kafepauza.mk_ 8-doagja-nova-varijanta-kobra-pletenka-gotova-za-samo-5-minuti-www.kafepauza.mk_

7. Повторно прицврстете го крајот со шнола.

9-doagja-nova-varijanta-kobra-pletenka-gotova-za-samo-5-minuti-www.kafepauza.mk_

Изгледа доста интересно и може да послужи како одлично решение кога надвор е топло, а не знаете што да направите со вашата коса.

10-doagja-nova-varijanta-kobra-pletenka-gotova-za-samo-5-minuti-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар