Претходно
Њоки во бел сос: Божествени кнедли готови 30 минути!
Ви предлагаме вкусен рецепт кој ќе ве засити и воодушеви, а кој многу брзо се подготвува.
Потребни состојки:
- 1 лажица путер
- 3 чешниња лук
- 120 мл зеленчуков бујон или суво бело вино
- ½ лажичка сенф
- 500 грама њоки
- 250 мл неутрална павлака
- 100 грама рендан пармезан
- прстофат сол
- малку бибер
- 1 лажица сечкан свеж магдонос
- 1 лажичка мешавина од италијански зачин
Начин на подготовка:
- Додајте го путерот во тавата и ставете ја да се загрева на средна температура.
- Откако ќе се стопи, додадете ги чешнињата лук и пржете ги 30 секунди.
- Додајте ги бујонот, сенфот и италијанскиот зачин и добро промешајте.
- Додајте ги њоките и павлаката во тавата.
- Намалете ја малку топлината, покријте ја тавата и варете ги состојките 5 минути.
- Тргнете го капакот и додајте го пармезанот.
- Оставете ги сите состојки да се варат заедно, откриени, уште неколку минути додека не се згусне сосот и не се сварат њоките.
- Зачинете со сол, бибер и магдонос.
Можеби сакате да пробате нешто поинакво како тост во рерна.