Никогаш не треба да престанете да ја освојувате, дури ни кога целосно ќе ви се предаде
Чувствата кои се јавуваат кога ќе почнете да се гледате со некого се незаменливи. Пролетта е насекаде, романсата е на секој чекор, а иднината ветува милион прекрасни можности. Знаете зошто? Затоа што слаткото момче ве брка, а вие сè уште не сте му откриле дека навистина сте заинтересирани за него. Ова е прекрасен, но многу краток период.
И потоа започнувате љубовна врска. Работите не стануваат полоши, напротив, тие сè уште се подобри. Помеѓу вас се развива подлабока поврзаност која може да трае подолго од една обична минлива романса.
Во оваа фаза девојките ги обожаваат сите тие полноќни закуски со нивниот партнер, тајни пораки за време на работните состаноци и громогласното смеење на глупостите кои само вам ви се смешни.
Но, немојте да се лажете! Тие сè уште сакаат и романтика. Во секоја врска се појавува период кога и двајцата партнери престануваат да се трудат. Додека создавањето романтична врска се однесува на двајцата, девојките може да не бидат многу мотивирани да се романтични доколку не се чувствуваат посакувани.
А тоа е работа на момците. Тие имаат должност да направат нивната девојка да се чувствува како да е единствената на светот со која сакаат да го поминуваат времето.
Романтиката воопшто не мора да биде тешка. Не се очекува од вас да го изнајмите замокот на Дизни за да направите вашата девојка да се чувствува сакано. Едноставно обрнете ѝ внимание и бидете романтични правејќи некои ситници кои воопшто нема да ви одземат време.
Изненадете ја со романтична вечера по напорниот работен ден. Појавете се неочекувано со цвеќе пред нејзината врата. Сослушајте ја кога ви се доверува. Пратете ѝ љубовно писмо. Оставете ѝ смешна порака за добро утро или за добра ноќ. Тоа ќе ви ја зацврсти врската, а верувајте дека таа ќе ви биде благодарна и ќе знае како да ви се оддолжи.