Нежно се топи во уста: Брз вкусен колач од смокви

Нежно се топи во уста: Брз вкусен колач од смокви

Овој колач од смокви и бадемово брашно е добро урамнотежен, благ, но не премногу, сочен, а сепак цврст. Смоквите одозгора му даваат интересен рустикален изглед. Благодарение на состојките од кои се прави, погоден е за безглутенската и палео исхрана, како и за исхраната без житарици и млечни производи. Доволно е здрав за да се јаде и за појадок, а не само како десерт.

Потребни состојки:

  • 3 големи јајца
  • 60 мл кокосово масло
  • 120 јаворов или агава сируп
  • 1 ½ лажичка екстракт од бадем
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка јаболков оцет или лимонов сок
  • 240 грама бадемово брашно
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • 6 зрели сечкани смокви

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и обложете го калапот за торта со хартија за печење.

Ставете ги сите состојки освен смоквите во блендер и матете на силно. Смесата ќе биде многу густа.

Во подготвениот калап сипете го тестото. Одозгора наредете ги смоквите, благо притискајќи ги во тестото.

Ставете го колачот во претходно загреана рерна и печете 20-25 минути додека тестото не добие златно-кафена боја.

Исклучете ја рерната, но оставете го колачот да седи внатре уште 10-15 минути.

Оставете го колачот да се олади 30 минути пред да го извадите од калапот.

Послужете го со свежи смокви и по желба додајте ореви, прелив од мед или нешто слично.

Напомени:

  • Ако не сте љубители на вкусот на бадем, можете да го изоставите бадемовиот екстракт и за сметка на тоа да додадете повеќе екстракт од ванила.
  • Кокосовото масло може да се замени со растопен путер или маслиново масло.
  • Наместо свежи смокви може де се искористи кое било друго овошје како праски, кајсии, круши, јагоди или боровинки.

Еве уште еден вкусен десерт: Пита со праски и цимет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар