Неверојатно вкусни палачинки со јаболка и шлаг пена

Неверојатно вкусни палачинки со јаболка и цимет

Необична верзија од вашиот омилен десерт

Неверојатно вкусни палачинки со јаболка и шлаг пена

Потребни состојки:
  • 250 милилитри млеко
  • 125 грама брашно
  • 4 јајца
  • Прстофат сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка лимонов сок
  • 4 јаболка
  • Цимет
  • Шлаг пена
Начин на подготовка:

Изматете ги млекото, брашното и јајцата заедно со малку сол. Оставете тестото да мирува околу половина час. Во меѓувреме излупете ги јаболката и поделете ги на четвртини, а потоа исечкајте ги на тенки парчиња. Лимоновиот сок измешајте го со шеќерот и оставете го да отстои. Рерната загрејте ја на 50 степени и потоа ставете ги палачинките внатре, така што ќе ги печете прво од една страна, со јаболката наредени одозгора, а потоа ќе ги превртите и допечете и од другата страна.

Палачинките можат да се наредат едни врз други и да се декорираат со шлаг. Јаболката пред да се наредат треба да се потопат во сирупот од лимон и да се посипат со цимет. Чувајте ги палачинките во рерна сè додека добро не се спојат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. JOKO Reply

    IMATE NEDOSTATOCI VO RECEPTOT PALACINKI SO JABOLKA I CIMET

Остави коментар