Несигурности што исчезнуваат кога сте сигурни во стабилноста на вашата љубовната врска

Несигурности што исчезнуваат кога сте сигурни во стабилноста на вашата љубовната врска

Знаете дека вашиот однос има шанса да потрае и работите поради кои бесмислено се нервирате исчезнуваат самите од себе. Вие се чувствувате добро, вашата самодоверба расте со онаа брзина со кој се намалуваат и исчезнуваат бројните несигурности кои ве оптоварувале на почетокот на врската.

1-nesigurnosti-koi-ischeznuvaat-koga-ste-sigurni-vo-stabilnosta-na-vashata-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_

1. Исчезнува неверувањето

Премногу добро за да биде вистинито? Не, туку баш онака како што треба да биде, а никогаш не е премногу од добрите работи. Единствено што вие не сте се навикнале да се чувствувате добро и што постојано сте очекувале да се појават скриени пречки и да ја оправдаат вашата несигурност. Но времето поминува, вам ви е и понатаму добро, а тој не се претворил во психопат, не ве повредил и не ве издал, дури изгледа дека ве сака сѐ повеќе. Кога ќе сфатите дека баш така и треба да се одвива врската која има шанси да потрае и успее, ќе се опуштите.

2. Исчезнува љубомората

Особено онаа која се однесува на неговите другарки и пријателки. Вие сте нова во неговиот живот, а тие не се и не знаете како се одвиваат работите помеѓу нив, дали имаат некаква историја или дали некоја од нив има скриени намери. Сите тие сомневања и претпоставки кои ги имате можеби се точни, но воопшто не се важни. Тие и понатаму се негови пријателки, а вие сте негова девојка.

3. Исчезнува чувството на двоумење кога се во прашање тешките теми

Дали е премногу рано за да разговарате за траумите од детството, дијагнозите, стравовите, емотивните повреди од претходните врски, семејните проблеми и сите останати тешки теми? Кога ќе почувствувате дека можете да му верувате и да му кажете што било за себе и за вашите најблиски, дека нема потреба да имате какви било тајни пред него, ќе ви олесни. Довербата поврзува и обврзува.

4. Исчезнува грижата за неговите бивши девојки

Тој можеби има еден од оние пријателски односи со неговата бивша девојка, што всушност воопшто не изгледа така. Бившите врски и онака се вградени во нас и скицираат добар дел од нашата емотивна мапа – добрите и пријателски односи помеѓу бившите партнери се многу поздрави отколку односите исполнети со мразење и индиферентност.

2-nesigurnosti-koi-ischeznuvaat-koga-ste-sigurni-vo-stabilnosta-na-vashata-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_

5. Престанувате да барате совршеност

Не постои идеален однос, ниту идеални луѓе, но затоа постои она оптималното, најдоброто што го можете, она кое го градите од материјалите со кои располагате. Повеќе немате потреба да го идеализирате партнерот и не стравувате од неговите слабости и недостатоци и многу повеќе го цените тоа што некого навистина го познавате, отколку сликата која сте ја имале за него на почетокот.

6. Престанувате да го споредувате сегашниот однос со претходните врски

Секогаш има нешто слично во секоја врска и нешто кое е потполно ново и различно. Искуството не служи за да мерите и да проценувате, туку да се ориентирате во однос на тоа колку сте напредувале, колку сега подобро го разбирате и го прифаќате партнерот таков каков што е и колку подобро се чувствувате во врска со себе.

7. Прифаќате дека фазата на меден месец е помината

Повеќе не сте во фазата да не можете да ги тргнете рацете еден од друг, но не се грижите за тоа. Се појавила нова и постојана топлина наместо силна сексуална глад, а опуштеноста, интимноста и довербата стануваат сѐ посилни, го прават вашиот секс подобар, иако не сте толку силно заинтересирани за тоа.

8. Повеќе не ви е грижа за тоа што тој и не е баш ваш тип

Воопшто, сите ваши врски со вашите типови мажи, завршиле неславно и на прилично сличен начин, така што тие ве повредиле, изневериле, издале… Разликите кои постојат помеѓу вас ја збогатуваат вашата врска, а тоа што тој и не е ваш тип, го прави посебен и ве спасува од погрешни претпоставки и однапред донесени заклучоци. Во нешто сигурно се сложувате, штом толку добро ви оди.

3-nesigurnosti-koi-ischeznuvaat-koga-ste-sigurni-vo-stabilnosta-na-vashata-ljubovnata-vrska-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар