Нешта за кои мора да почнете да наоѓате време во животот

Нешта за кои мора да почнете да наоѓате време во животот

Некогаш се чудите колку брзо лета времето. Некогаш пак чекате за да почнете да живеете. На некој магичен начин го чекате оној период во иднина кога ќе имате подобро работно место, стабилна љубовна врска, поголем успех на лично и професионално поле. Но факт е дека времето навистина брзо лета, и без оглед на вашите соништа и стремежи за иднината, едноставно мора да паузирате и да најдете време за некои важни нешта во животот. Ова се работите за кои веднаш треба да почнете да наоѓате време со цел да живеете поисполнет и посреќен живот.

Нешта за кои мора да почнете да наоѓате време во животот

1. Грижете се за себе

Не чекајте да дојдат проблемите за да обрнете поголемо внимание на вашето здравје. Со ова брзо темпо на живот ретко кој вистински обрнува внимание самиот на себе. Задолжително имајте макар мал период во денот кој ќе си го посветите само себеси, одете на прошетки во природа, хранете се здраво, разгалете се со масажа после долгиот и напорен работен ден, легнете си порано и наспијте се добро.

2. Задолжително посветете внимание на вашето хоби

Вашето хоби постои за да ја истакне вашата креативна страна, тоа е она што навистина уживате да го правите, она во што вложувате страст и напор дури и ако знаете дека нема да ви донесе многу финансиски средства. Хобито ве исполнува и не го изоставувајте.

Нешта за кои мора да почнете да наоѓате време во животот

3. Водете долги разговори со вашиот партнер

Кажете како се чувствувате, покажете дека имате време и интерес да чуете како се чувствува вашиот љубовен партнер. Не само што ќе ја зајакнете вашата врска туку и ќе си го олесните емоционалниот товар. Некогаш сè што ни треба е човек кој е подготвен да нè ислуша.

4. Слушајте ги другите без да осудувате

Кога ќе ви се јави некој кој очигледно е вознемирен, или доколку вашиот/ата пријател/ка не ви изгледа добро, посветете малку време и сослушајте ги. Слушајте наместо да зборувате, покажете дека сочувствувате со нив и дека не ги осудувате. Секогаш наоѓајте време во животот за одржување на врските со семејството и пријателите. Тоа е инвестиција која добро се исплаќа. Среќни се луѓето кои имаат кому да се доверат.

5. Читајте добри книги

Без оглед колку сте зафатени, секогаш имате време за добра книга. Прочитаните книги се дел од вашето животно искуство, секогаш наоѓајте време да се дружите со книгите.

Нешта за кои мора да почнете да наоѓате време во животот

6. Пишувајте белешки рачно

Во денешно време со толку напредната технологија, се чини дека ракописот на некој начин е потценет. Испратете им писмо или честитка на најблиските, запишете на лист како се чувствувате. Тоа се нештата кои остануваат запаметени и кои секогаш може да бидат дел од нечија кутија со спомени. Создавајте таков вид спомени.

7. Пејте

Под туш, додека готвите, додека бришете прозорци или се подготвувате за на работа. Пејте дури и ако сметате дека навистина не пеете добро. Кому му е грижа?

8. Направете мала спонтана авантура

Едноставно излезете од градот и заминете на првото место што ќе ви падне на памет. Избистрете си ја главата, качете се во воз, уживајте во природните пејзажи. Којзнае за што ќе бидете инспирирани.

9. Славете

Дури и ако навидум нема некоја посебна причина, повикајте ги пријателите дома на вечера. Кренете ги чашите и наздравете и за најмалите нешта во животот, зошто кога еден ден ќе погледнете назад, ќе сфатите дека токму малите нешта го прават животот.

10. Едноставно седете и слушајте музика

За миг паузирајте ги сите останати обврски и опуштете се слушајќи ја вашата омилена музика, или музиката која сте ја слушале како тинејџери.

Нешта за кои мора да почнете да наоѓате време во животот

11. Љубете

Најдете време да сакате вистински. Погледнете ги луѓето околу вас, вашите блиски, покажете им дека ви значат и дека ги сакате. Никогаш не ја потценувајте моќта на љубовта.

12. Чувајте домашно милениче

Посветете дел од вашата љубов, нега и грижа на вашето домашно милениче. Тоа ќе ве смири по напорниот ден и ќе ве научи да не бидете себични.

13. Цртајте

Во ред, можеби не сте Пикасо, но никој не бара од вас врвни уметнички вештини. Соберете ги најмладите членови во вашето семејство, купете бои и листови и впуштете се во луда авантура!

14. Правете интересни видеа

Снимајте се себеси, семејството и пријателите. Може дури и да направите краток филм. Можеби нема да изгледа професионално, но ќе ве насмее и ќе ви врати добри спомени кога ќе го гледате по некое време.

15. Играјте

Играњето го лечи мозокот и телото. Пуштете музика и играјте, мрдајте со главата и рацете, направете своја кореографија. Кому му е грижа ако изгледате малку смешно?

16. Запишувајте ги вашите желби

Така секогаш ќе имате потсетник за тоа кон што целите и што сакате во животот.

Нешта за кои мора да почнете да наоѓате време во животот

17. Дишете длабоко

Некогаш од толку брзање и преокупираност забораваме да застанеме и неколку пати да земеме воздух. Дишењето длабоко смирува, релаксира и го полни мозокот со кислород.

18. Погледнете во огледало

Погледнете се себеси во огледало. Колку сте напреднале, колку сте се измениле? Насмевнете му се на огледалото, и една работа е сигурна, и тоа ќе ви се насмее вам.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар