Непроценливата мудрост на кралот Соломон: Човекот засекогаш умира од внатре кога ќе изгуби една важна работа

Мудроста на крал Соломон: Човекот засекогаш умира од внатре кога ќе изгуби една важна работа

Според Библијата, кралот Соломон бил третиот крал на Израел. Неговото име во превод значи „дете на мирот“ или „миротворец“, а луѓето го слават пред сѐ поради неговата голема мудрост. Прочитајте го следниов извадок од книгата „Соломон говори“ во кој се зборува за љубовта како суштина на животот и единствен начин за да се доживее среќа.

Непроценливата мудрост на кралот Соломон: Човекот засекогаш умира од внатре кога ќе изгуби една важна работа

Она што е важно е да им се приближувате на другите луѓе, а не да се изолирате. Ние понекогаш мислиме дека во изолацијата се пронаоѓаме себеси. Но, тоа не е така. Ние се пронаоѓаме себеси во интеракцијата со другите. Тоа е и причината зошто не се наоѓаме на пуст остров.

Ние сме тука за да ги вклучиме другите животи во сопствениот живот. Да ги повикаме внатре. Лекциите кои треба да се научат лежат во таа интеракција.

Можеби не постојат зборови со кои би можело тоа да се искаже, но вашата љубов кон животот може да се пренесе. Вашата љубов кон животите околу вас. Тоа е она што го носат луѓето, нивната способност да сакаат. Кога луѓето ќе ја изгубат таа способност, тие пропаѓаат и умираат од внатре. Сосредоточете се на таа љубов.

Кога ќе се насочите кон постигнувањето резултати, работите нема во истиот момент да се појават за вас. Знајте дека онаму каде што се наоѓа љубовта во вашиот живот, таму се наоѓаат и одговорите, тие лежат во вашата способност да ја пронајдете љубовта во вашиот живот. Тоа е патека. Сѐ друго самото ќе си дојде на место.

Така на пример, врските кои ги имате со членовите од семејството се најважни. Тие не само што го создаваат вашиот живот, туку и вашата намера во животот. Тие ви даваат мисија и ги одредуваат околностите во кои вие сте само гостин.

Оние врски кои нѐ поврзуваат се од суштинска важност и неочекувани награди доаѓаат од нивното остварување. Вие доаѓате тука за да бидете дел од нивниот живот. Вие сте ги одбрале нив.

Вие сте емотивно поврзани со нив и имате многу да научите од нив. Тие нема да бидат тука уште долго. А нема ниту ние да бидеме… Вие… Тие. Морате да се обидете да го извлечете од нив нивното искуство во љубовта.

Прашајте ги за љубовта која ја имаат во нивниот живот. Многу ќе научите. Не мора да се работи за љубов кон луѓе, прашајте ги што е она што го сакаат кај природата. Прашајте ја вашата мајка што сака во животот. Прашајте ги сите каде се наоѓа нивната љубов. Ќе откриете некои длабоки одговори.

Кога ќе ја споделите таа големина, вие се развивате и одите на повисоко ниво. Ние поминуваме толку многу време во зборување за тоа што го мразиме. Тоа е детинесто. Вратите се отвораат во љубовта и во семејството.

Истото направете го и со вашите баба и дедо. Прашајте ги што сакале во нивниот живот. Што и понатаму сакаат. Ова можеби звучи како клише, но не е. Бидете отворени со нив и кажете им што вие сакате. Така ќе промените сѐ. Дозволете им да видат кои сте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар