Неодоливи локни: Најдобри совети за виткање на косата со фигаро или преса

Неодоливи локни: Најдобри совети за виткање на косата со фигаро или преса

Потребно е многу време за да се научи уметноста за виткање на косата, а многубројни фактори влијаат на крајниот резултат: времето, кои препарати за стилизирање и за заштита од топлина ги користите, кога последен пат сте ја измиле косата, типот на косата и др. Техниката на виткање на косата е многу важна. Не користете го фигарото само за вртење на едната страна туку вртете го и на спротивната страна или пак наизменично во двете насоки.

1-Neodolivi-lokni-Najdobri-soveti-za-vitkanje-na-kosata-so-figaro-www.kafepauza.mk_

1. Виткајте ја косата и од левата и од десната страна

Ако некогаш за ова сте гледале туторијал на Јутјуб, најверојатно сте забележале дека сите стилисти советуваат подеднакво да ја виткате косата и на левата и на десната страна.

„Виткањето на косата на наизменични страни ѝ овозможува таа да се движи во различни насоки, да добие природен и разбушавен изглед“, објаснува Пол Перез, стилист за коса од Лос Анџелес.

2. Држење на пеглата или фигарато вертикално

Пред да ја замотате косата околу загреаната преса или фигаро, проверете како ја држите. Ако ја држите вертикално ќе добиете опуштен, природен изглед.

„Виткањето на косата додека го држите фигарото вертикално, создава олабавени, природни бранови и вие добивате секојдневен изглед“, објаснува Перез.

3. Држење на пеглата или фигарато хоризонтално

Ако сакате фризура која потсетува на гламурот во Холивуд од минатиот век тогаш при виткањето на косата фигарото или пресата држете ги хоризонтално.

„Виткањето на косата со хоризонтално поставена преса или фигаро создаваат локни во форма на буквата С, кои ви дават гламурозен и свечен изглед“, додава Перез.

4. Грешки кои би требало да ги избегнете

Наизменичното виткање на косата на двете страни е во ред, но внимавајте крајниот резултат да не излезе на едната половина локните да одат на едната, а на другата половина да одат на другата страна. Ова може да ја уништи вашата фризура, но и целиот изглед.

Внимавајте и на температурата на фигарото или пресата. Треба да биде доволно загреана за да прави локни на вашата коса, но не премногу жешка за да ви ја оштети косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар