Неочекуван летен хит: Пом-пом маици
Ситните топчиња познати како пом-пом повторно се враќаат во мода, подготвени да ги освежат вашите летни комбинации. Ако барате парче облека што е привлечно и пријатно за носење, пом-пом маиците се совршени за вас. Ако сакате да пробате различни комбинации и да му се препуштите на моментот, комбинацијата на ваквите маици со весели летни здолништа или шорцови е навистина полн погодок.
Можете да создадете женствен изглед со комбинирање кратка маица со шарени топчиња и неутрална варијанта на кратки панталони. Исто така, многу привлечни се и белите пом-пом маици го голи рамења во комбинација со тексасни шорцови.
Овие маици се совршени за модерна комбинација, за спортски изглед и за вечерни излегувања. Пом-пом маиците не бараат дополнителен накит, ниту пак впечатливи обувки. Класичните црни очила и големиот шешир ќе бидат доволни за да изгледате неодоливо.
Погледнете ги овие шармантни марами за коса што мора да ги пробате ова лето.