Необични употреби на дезодорансот кои сигурно никогаш не би ви паднале на памет

Необични употреби на дезодорансот кои сигурно никогаш не би ви паднале на памет

Едно од нештата во вашиот дом кои можете да ги искористите за многу работи е дезодорансот, но малку луѓе знаат за неговите алтернативни употреби. Погледнете ги овие 5 помалку познати, но дефинитивно одлични начини на кои можете да го употребувате дезодорансот во стик…

Необични употреби на дезодорансот кои сигурно никогаш не би ви паднале напамет

1. Против плускавци

Нанесете го дезодорансот на местото каде што вашите чевли ве притискаат и каде што очекувате дека би можел да се појави плускавец. Тој ќе делува како бариера помеѓу кожата и чевелот и ќе го спречи појавувањето на плускавците.

2. Против непријатна миризба на стапалата

Намачкајте ги вашите суви табани со дезодоранс пред спиење и следниот ден тие нема воопшто да се потат, а со тоа и ќе ја спречат појавата на непријатната миризба.

3. Против потење под градите

Дамите со големи гради често имаат проблем со потењето под градите, но тоа можете многу брзо да го решите така што ќе нанесете мал слој од дезодорансот под нив, пред да облечете градник. Кога сме кај потењето, со него можете дури и потењето околу коренот на косата да го спречите. Само во овој случај користете проѕирен дезодоранс со цел да не се забележува на вашата коса.

4. Против врати кои чкрипат

Намачкајте ги шарките на вратите со дезодоранс со цел да го отстраните здодевниот звук на чкрипење при нивното отворање.

5. За освежување на шкафот

Дезодорансот може да послужи и како освежувач на вашиот шкаф. Сè што треба да направите е да го тргнете неговото капаче и да го оставите во аголот од полицата со цел да го исполни со пријатна миризба.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар