Немам што да облечам...

Немам што да облечам…

Облека.

Некогаш се користела за да се прикријат срамните делови од телото, и за луѓето да се стоплат кога им било ладно.

Денес, спротивно од некогаш, се користи за „софистицирано“ да се откријат срамните делови од телото, зашто модерните времиња ги оперираат луѓето од срам. Всушност облеката во денешно време има мошне пообемна употреба.Немам што да облечам...Како на пример за да се покаже стил, стандард, вкус.

За да се истакне социјална положба, класна припадност, професија.

За да си привлечен/на и да му се допаднеш некому.

За да ја комбинираш со зимски аксесоари кога е ладно, и летни кога е топло.

За да се озборува кој што и каде носи. Да покажеш дека следиш мода, или дека некој ја следи на погрешен начин.

За ако си глуп да се претставиш како паметен, а и обратно.

За ако немаш авторитет да стекнеш, или ако го имаш да го изгубиш.

За да ги сокриеш недостатоците на твоето тело и да ги истакнеш предностите, и обратно.

За да потрошиш вртоглави суми за партали, или да заработиш богатство креирајќи и продавајќи партали.

Облеката чуда прави, ама тоа е така поради фактот што човештвото уште од многу одамна решило да ја оценува книгата по кориците.

На крајот на краиштата, тоа е само облека. Ама зависи како ја носиш…

Ах, на што само ќе те инспирираат пролетните „попусти“.

Плачи џебу, ама мене ми е добро на душава.

До следното читање,

Вашата Ели.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар