Нема да им одолеете: Рецепт за зелени палачинки
Познатиот готвач Џејми Оливер има многу вкусни и здрави рецепти, а овие зелени палачинки се идеални за сите оние кои сакаат вкусен и здрав оброк.
Потребни состојки:
- 1 авокадо
- 350 грама чери домати
- 100 грама спанаќ
- 3 главици млад кромид
- 15 грама свеж коријандер
- 1 лимета (или лимон)
- маслиново масло
- 1 јајце
- 100 грама брашно
- 250 мл млеко
- 300 грама сирење
- морска сол, бибер
Начин на подготовка:
Излупете го авокадото и исечкајте го на мали парчиња. Ставете во го сад и додајте ги исечените домати и половина од количината спанаќ.
Исечете го кромидот и додајте го во садот со зеленчук. Додајте ги сечканиот коријандер и сокот од лимета (лимон).
Прелијте ги сите состојки со маслиново масло и додајте сол и бибер по вкус. Оставете ја салатата од авокадо настрана.
Ставете ги јајцето, брашното, млекото и другата половина спанаќ во блендер и зачинете по вкус. Мешајте додека не добиете густа смеса.
Подмачкајте ја тавата со маслиново масло и загрејте ја. Турете од смесата и печете од секоја страна по 2 минути (додека палачинката не добие златна боја).
Ставете ја палачинката во чинија и наполнете ја со сирење и салата од авокадо.
Прочитајте кои се 5-те најчести грешки при подготовката на палачинки.