Неколку трикови за разубавување кои секоја жена би требало да ги знае (втор дел)
Секој трик кој на жената ќе ѝ помогне побрзо и поефикасно да дојде до посакуваниот изглед е повеќе од добредојден. Ако почнавте да ги применувате првите 10, време е да го надградите знаењето со уште 10 нови трикови.
1. За мали изгореници
Ако се изгорите додека ја виткате или пеглате косата, нанесете јогурт или кисело млеко на изгореното место.
2. Помош при изгореници од сонце
За третирање изгореници од сонце замрзнете гел од алое вера во калап за мраз, и потоа ставајте од него врз изгореното место.
3. Сода бикарбона за отстранување на дамките од забите
Нанесете малку сода бикарбона на четката за заби и така исчеткајте ги. Ова ќе ви помогне за отстранување на површните дамките од забите.
4. Како до совршени мачкини очи?
Нацртајте помошни линии со тушот, а потоа само потполнете ги празнините.
5. Издробена сенка за очи
Издробете ја на уште поситни парчиња, па ставете алкохол. Потоа измешајте ја, нагмечете ја, исчистете го нередот и оставете ја да се исуши. Ќе биде како нова.
6. Направете свој бронзер
Измешајте цимет, какао, морско оревче и пченкарно брашно за секси, сончан изглед вашето лице.
7. Направете парфемот подолго да трае
Истријте вазелин на пулсирачките точки, а потоа нанесете парфем.
8. Перфектен раб за мачкини очи
Со помош на лажица, како што е покажано на сликата направете перфектен раб, без грешка.
9. Потенцирање на усните
Сè што ви е потребно е вашиот омилен коректор и вашиот прст. Нанесете од коректорот околу усните и нежно размачкајте.
10. Спречете го потењето при сушење на косата
Спречете го потењето додека ја сушите косата така што претходно ќе нанесете дезодоранс позади вратот.