Неколку совети за тоа како луѓето полесно да ве засакаат

Неколку совети за тоа како луѓето полесно да ве засакаат

Доколку не се чувствувате задоволни од тоа како ви се развива социјалниот живот и односите со другите, тогаш време е малку да поработите на себе и да ги зајакнете комуникациските вештини. Еве како ќе успеете да бидете поприемчиви и подопадливи за околината.

Неколку совети за тоа како луѓето полесно да ве засакаат

Покажете искрен интерес

Еден од најлесните начини за стекнување симпатија кај останатите е да покажете искрен интерес за нив и она што им се случува. Таква е човековата природа. На секој му е драго кога ќе види дека некој навистина се интересира и сака да дознае нешто повеќе за нивниот живот.

Насмевнете се

Една насмевка може да смени сѐ, особено кога се работи за оставање добар прв впечаток. Намуртеното лице шири само негативна енергија, која воопшто не е привлечна. Затоа, насмевнете се и одете напред со позитивен став!

Направете другите да се почувствуваат вредни

Ако сакате да изградите силни врски со другите, тогаш мора да им покажете дека навистина ви значат. Докажете им дека нивното мислење ви е важно и дека ви е грижа за она што тие имаат да го кажат. Нека разговорот биде повеќе фокусиран на нив и веднаш ќе ја забележите разликата.

Слушајте

Кога еднаш ќе ги усвоите вештините на слушање, автоматски ќе им се допаднете на останатите. Луѓето сакаат да бидат ислушани и да се почувствуваат важни. Но, правете го тоа од срце. Кажете го и сопственото мислење и потоа охрабрете ги и тие дополнително да се отворат.

Зборувајте за нивните интереси

Зборувајте за интересите на соговорникот, за да и тој/таа се заинтересира за вас. Покажете внимание и едноставно уживајте во она што го кажуваат.

Имајте позитивен став

Рака на срце, никој не сака да биде со личност која постојано зрачи со песимизам. Никој не сака постојано да слуша озборувања и непотребно да се полни со негативна енергија. Па, ако сакате да бидете поприемчиви за другите, тогаш негувајте позитивен став и не се оптоварувајте со животите на другите.

Помнете ги имињата

Помнењето на имињата на луѓето што ги запознавате и нивната употреба за време на разговорот всушност е многу поважно одошто мислите. Луѓето обожуваат да си го слушаат сопственото име. Тоа им покажува дека навистина ги цените и се трудите да оставите добар прв впечаток.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар