Неколку совети за рамен стомак
Правилната исхрана и редовното вежбање се двата клучни фактори за рамен стомак. Ова се неколку интересни совети кои ќе ви помогнат побрзо да го постигнете тоа.
1. Масирајте го стомакот
Масирајќи го стомакот вие го забрзувате процесот на варење на храната. Затоа треба со целата дланка со кружни движења да го масирате стомакот по јадењето.
2. Држете го телото исправено
Правилното држење на телото е одлично за стомачните мускули. Се препорачува, 3 до 5 пати во денот додека седите да го вовлекувате стомакот.
3. Секој залак џвакајте го долго
Доколку многу брзо ја голтате храната и разговарате за време на оброкот, во стомакот влегува голема количина на воздух. Покрај тоа, јадејќи брзо, внесувате многу повеќе храна отколку што навистина ви е потребно за да се најадете.
4. Избегнувајте сол
Една од клучните причини за таложење на масните наслаги е солта. Токму затоа гледајте да ја консумирате во многу мали количини.
5. Пијте напитоци од лимон и ѓумбир
Секое утро пијте по една чаша напиток направен од свеж лимон и ѓумбир, со што ќе го забрзате метаболизмот.
6. Јадете цели житарки
Во прилика кога сакате да посегнете по јаглени хидрати одберете житарки кои бавно се варат, како што е лебот направен од цели житарки кој ја изедначува количината на инсулин во крвта.
7. Секојдневно јадете јаболка
Јаболката директно влијаат на мускулната моќ и губењето на маснотиите. Тие ја подобруваат работата на гените задолжени за согорување на мастите и го намалуваат создавањето и складирањето на мастите.
8. Консумирајте авокадо
Авокадото е богато со мононезаситени масни киселини, кои не се складираат во телото како масти.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.